Он се прави за а ја избегне суштината.
Која е суштината? Дека при иста кубикажа бензинецот има поголема максимална снага? Тоа е суштината?
Па зошто мислиш дека моето мислење е филозовско.
Јас не мислам дека твоето мислење е филозофско, од каде ова?
Знае он ти дека ќе се возеа двотактни мотори сега ако немаа толкав проблем со кваровите.
Можеби триес години стари томосчиња имаат проблем со кварови. Јамаха двотакни немаат никаков проблем со кварови. Повторно паушално тврдење непоткрепено со ништо, слично на она дека 2.0 б и 2.0 д коштале исто да се направат.
Ама како фино го избегнуваат најбитното.
Односот кубикажа/коњажа не е најбитното нешто. Да беше *НАЈ*битното, сите возила ќе имаа или двотактни или ванкел мотори. Или, можеби, порше панамера нема двотактен мотор затоа што двотактните се расипувале и ради ништо друго?
Конкретно зборев за тој пост, каде што велиш дека бензинецот нема предност освен при црвеното поле (двата мотори имаат исто торк и иста кубикажа). Јас ти велам дека има во реалниот живот огромна предност, заради фактот дека (отприлика) вртежите се секогаш за 1.5 пати повисоки при исти услови на возење.
Јас не реков дека нема предност, туку не се согласив со твојата оценка дека таа предност е многу голема. Не е. Особено во реални, секојдневни услови на возење, прашање е дали
воопшто доаѓа до израз.
Поради истиот факт, Н/А бензинците (добро) се држат во секојдневна употреба во однос на турбо дизели со иста снага (не се подобри, но се споредливо возливи), иако им фали турбо и торк.
Со ова можам да се согласам, не затоа што и јас баш така мислам, туку затоа што не е премногу погрешно. Од друга страна, ќе ми текне на TD 90 коња од една, и опелот 1.4 на брат ми од 90 коња.... но, ај, да речеме дека не е премногу погрешно.
Еве прост пример со голфот на Томи и Зеро... Неможеш да го возиш тси зошто многу троши ако го газиш, и сега ти мора да се устручаваш ( и пак ќе потрошиш многу повеќе), отколку со Зеро без штедење. Тазе пример.
Тоа е таа
суштинска разлика помеѓу теоретски максималната можна снага од една, и реалната снага од друга страна. Затоа предноста во потрошувачката да се нарече „само“ е брцање на главата у песок.
Помала потрошувачка значи реално поголема снага.