Ова не беше избегнување на одговор од моја страна, туку поставување на теренот за одговорот што следи, а ти целосно го игнорираше.
Како можам да игнорирам нешто што самиот го пљампам на оваа тема безброј пати?
Потоа беа поставени торк криви на модерни турбо бензинци и дизелаши, кои ги побија вашите предрасуди дека бензинец не може да има торк на ниски вртежи како дизелашот, а не се срушија предрасудите дека бензинецот има повеќе торк во горниот дел од вртежите (кој се користи при спортско возење).
За да стигнеш до високи вртежи, треба прво да „пројдеш“ низ пониските. Бар кај коли со менувач со фиксни степени на пренос така е. Пониски вртежи не ти гинат во никој случај. Ако возиш на пониски вртежи - значајни ти се пониските вртежи. Ако возиш на повисоки вртежи, треба прво да ги пројдеш пониските (при забрзувањето) па така повторно - значајни ти се пониските вртежи.
Со други зборови, пониските вртежи имаат улога во сите возачки сценарија, додека високите само во некои. Со други зборови, во секојдневната експлоатација, пониските вртежи се
поважни (почесто се користат) од високите вртежи.
Ако според примерот на ЛП двата стигнале до 140 заедно, нема зошто да има разлика понатака ако двата имаат иста сила и иста аеродинамика.
Се согласувам.
Само што го погледнав пак видеото и во информацијата ги пишува спецификациите за возилата. Моторите од видеото немаат иста максималната декларирана сила. Дизелот има 150кс, бензинецот има 140кс што ја објаснува малата разлика во максимална брзина.
Maксималната брзина навистина е одредена од коњажата (при све друго исто, хипотетски): два мотора со
иста максимална коњажа,
какви сакаат нека бидат, бензин, дизел, турбо, нетурбо, ќе постигнуваат
иста крајна брзина.
Меѓутоа, крајната брзина е само една одлика на перформансите. Друга одлика е забрзувањето. А забрзувањето нема да биде исто кај бензинец и дизел со иста коњажа. При иста максимална коњажа, забрзувањето ќе биде подобро кај дизелот (но затоа дизелот ќе биде по скап да се купи)