Гласање

Choose your destiny!

Бензин
240 (58.4%)
Дизел
171 (41.6%)

Вкупно гласови: 411

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 2182285 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9855 на: 03 Август 2013, 23:59:28 pm »
Feel the power at low revs. Let it glue you to the seat!

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9856 на: 04 Август 2013, 00:01:44 am »
Има врска да покаже дека бензинец со приближно ист однос снага/кг нема подобри перформанси. До 140кмх е приближно исто брз, потоа заостанува. Имај впредвид дека на видеово дизелот рачно менува и губи околу 1-2 секунди во процесот.

Golf МК7 TSI 140 не може да излезе на крај ни со 13 години стариот 130кс дизел Golf МК4
http://www.zeperfs.com/en/duel4539-562.htm

зошто се чудиш, ова за мене е сосем очекувано и би се почудил ако е поинаку.

Не знам ни сам колку леб тука надробив за просечната и максималната коњажа и дека бројките у каталогот се максималните а не просечните коњи.


Добро бе ЛП, со кој памет ќе не убедуваш дека дизелите се подобри спортски возила.

ЛП не го кажа тоа. ЛП констатираше дека - парафразирам - при иста или слична максимална декларирана снага, дизелот е de facto супериорен, што е непобитно, изврно, автентично својство на универзумот.

Иначе, ако добро го разбирам, ЛП неќе да каже дека дизелите се ПОдобри за спортски коли. ЛП само сака да го oспори глупавото, тврдоглаво сфаќање дека за спортско возење бензин, само бензин и никако ништо друго освен бензин, а кој ќе спомне „спортски“ и „дизел“ во иста реченица треба да се обеси за јајца, да му се пљука у око и да му се моча у уво. Тоа е претерано. Дизелот и тоа како може да пружи спортски ужитак. Охохо не да може. Само треба му се пријде без предрасуди.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9857 на: 04 Август 2013, 00:07:51 am »
well come to the dark side of diesel
Фала на поканата, плинхед сум јас... :)

дизнахед :D

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9858 на: 04 Август 2013, 00:55:38 am »
ЛП не го кажа тоа. ЛП констатираше дека - парафразирам - при иста или слична максимална декларирана снага, дизелот е de facto супериорен, што е непобитно, изврно, автентично својство на универзумот.

Во што точно е супериорен, затоа што е измерено дека имаат иста или слична сила? Пак мерите кило пердуви и кило круши и едното ви искача потешко.

Иначе, ако добро го разбирам, ЛП неќе да каже дека дизелите се ПОдобри за спортски коли. ЛП само сака да го oспори глупавото, тврдоглаво сфаќање дека за спортско возење бензин, само бензин и никако ништо друго освен бензин, а кој ќе спомне „спортски“ и „дизел“ во иста реченица треба да се обеси за јајца, да му се пљука у око и да му се моча у уво.

Незнам како успеа така да го разбереш. Со тврдоглавост во една насока не се оспорува тврдоглавост во другата насока.

Се знае што е подобро кога економичноста ти е приоритет, а што кога перформансите ти се приоритет. Не се тоа предрасуди. Такви се својствата на универзумот. Тоа не значи дека не можеш да добиеш перформанси од дизелаш или економичност од бензинец.

„Тврдоглавоста“ при е дозволена кога се споредуваат субјективните барања и доживувања. На пример звукот. Некој сака тишина, друг пак не може без сите тие звуци. Тука нема место за расправија. Секој како му одговара.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9859 на: 04 Август 2013, 01:01:19 am »
Објаснето е во што е супериорен. Ајде сега ти објасни ги својствата на универзумот :)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9860 на: 04 Август 2013, 01:12:06 am »
filipv ќе ти ги објасни. Со него полесно ќе се разберете.  :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9861 на: 04 Август 2013, 01:22:46 am »
затоа има дизел верзија од панамерата

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9862 на: 04 Август 2013, 01:35:01 am »
Се знае што е подобро кога економичноста ти е приоритет, а што кога перформансите ти се приоритет. Не се тоа предрасуди. Такви се својствата на универзумот. Тоа не значи дека не можеш да добиеш перформанси од дизелаш или економичност од бензинец.

Обично токму тврдењата кои се израз на предрасуди почнуваат со „се знае...“

Пази сеа, читај внимателно: при иста максимална декларирана снага, дизелот има подобри перформанси.

Замисли две исти коли, иста аеродионамика, исто тешки, исто све, само едната е дизел од x коња, другата со бензин од x коња. Во ова сценарио дизелот има подобри перформанси.

Ова беше ставот кој го изнесе лп, а јас го бранам. Дали се слагаш со овие 2 реченици напишани погоре, и само со тие 2? Прашањето е до сите, не само за тебе лично.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9863 на: 04 Август 2013, 01:58:18 am »
Прашањето е одговорено пред 100 страни негде, можеби и порано. А одговорот гласи:

„Максималната декларирана сила не е доволна за да се споредат два мотори. Треба да се види силата при целиот опсег.“

Потоа беа поставени торк криви на модерни турбо бензинци и дизелаши, кои ги побија вашите предрасуди дека бензинец не може да има торк на ниски вртежи како дизелашот, а не се срушија предрасудите дека бензинецот има повеќе торк во горниот дел од вртежите (кој се користи при спортско возење).

Само некој има амнезија очигледно.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9864 на: 04 Август 2013, 02:16:21 am »
Прашањето е одговорено пред 100 страни негде, можеби и порано. А одговорот гласи:

„Максималната декларирана сила не е доволна за да се споредат два мотори. Треба да се види силата при целиот опсег.“

Сигурно дека не е. Ниту еден параметар сам за себе не е доволен. Затоа прашањето е во хипотетска, идеализирана форма - затоа беше нагласено „све друго исто“, со целосна свесност дека не може све друго навистина да биде исто.

Таквите хипотетизирања и идеализирања се сосем нормални и вообичаени при компаративните анализи во науката, не знам што те буни. Точноста или погрешноста на тврдењето лесно се докажува.

Па така, „Максималната декларирана сила не е доволна за да се споредат два мотори...“ всушност не е одговор на почетното прашање, бидејќи подразбира арбитрарен скок од доменот на концептуалното во доменот холистичкото. Со други зборови, прашањето - онака како што е поставено - е лесно одговорливо, а точноста на тој одговор лесно докажлива.

Само некој има амнезија очигледно.

Навистина нема потреба од вакви „украси“. Нема придонес.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9865 на: 04 Август 2013, 02:21:09 am »
заборави да го прочиташ остатокот од мислењето

„Максималната декларирана сила не е доволна за да се споредат два мотори. Треба да се види силата при целиот опсег.“

Ова не беше избегнување на одговор од моја страна, туку поставување на теренот за одговорот што следи, а ти целосно го игнорираше.

Потоа беа поставени торк криви на модерни турбо бензинци и дизелаши, кои ги побија вашите предрасуди дека бензинец не може да има торк на ниски вртежи како дизелашот, а не се срушија предрасудите дека бензинецот има повеќе торк во горниот дел од вртежите (кој се користи при спортско возење).

Од тој горниот дел од вртежите зависи максималната декларирана сила и тој е опсегот кој се користи кога тестираш забрзување, освен кога тргаш во прва брзина. Ако според примерот на ЛП двата стигнале до 140 заедно, нема зошто да има разлика понатака ако двата имаат иста сила и иста аеродинамика.

Само што го погледнав пак видеото и во информацијата ги пишува спецификациите за возилата. Моторите од видеото немаат иста максималната декларирана сила. Дизелот има 150кс, бензинецот има 140кс што ја објаснува малата разлика во максимална брзина.
« Последно менување: 04 Август 2013, 02:56:09 am V »

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9866 на: 04 Август 2013, 08:05:36 am »
„Максималната декларирана сила не е доволна за да се споредат два мотори. Треба да се види силата при целиот опсег.“


Тоа е тоа што го тврдиме 658 страни уназад. Со иста декларирана сила дизелот е поефикасен и помоќен. Не ги споредуваме по кубикажа, не ги споредуваме по цена ;D


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9867 на: 04 Август 2013, 08:14:02 am »
Тоа е таа прекрасна споредба, среќа почнавте турбо мотори да споредувате оти до 500-та страна TD so Atmo бензин споредувавте. Е сега почна муабетот, иако е побрз TB со помалце волумен за помалце пари тоа е затоа што грешни се бројките за релевантни информации гледаме видеа од youtube :D

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9868 на: 04 Август 2013, 08:15:54 am »
Немој да лажиш, во ниту еден момент не одбивавме турбо бензинци. На 500тата страна се појавија на пазарот, и ВИЕ тогаш почнавте да ги туркате. Каснат едно 30 години бензинциве ;D

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9869 на: 04 Август 2013, 08:21:57 am »
Ова не беше избегнување на одговор од моја страна, туку поставување на теренот за одговорот што следи, а ти целосно го игнорираше.

Како можам да игнорирам нешто што самиот го пљампам на оваа тема безброј пати?

Потоа беа поставени торк криви на модерни турбо бензинци и дизелаши, кои ги побија вашите предрасуди дека бензинец не може да има торк на ниски вртежи како дизелашот, а не се срушија предрасудите дека бензинецот има повеќе торк во горниот дел од вртежите (кој се користи при спортско возење).

За да стигнеш до високи вртежи, треба прво да „пројдеш“ низ пониските. Бар кај коли со менувач со фиксни степени на пренос така е. Пониски вртежи не ти гинат во никој случај. Ако возиш на пониски вртежи - значајни ти се пониските вртежи. Ако возиш на повисоки вртежи, треба прво да ги пројдеш пониските (при забрзувањето) па така повторно - значајни ти се пониските вртежи.

Со други зборови, пониските вртежи имаат улога во сите возачки сценарија, додека високите само во некои. Со други зборови, во секојдневната експлоатација, пониските вртежи се поважни (почесто се користат) од високите вртежи.

Ако според примерот на ЛП двата стигнале до 140 заедно, нема зошто да има разлика понатака ако двата имаат иста сила и иста аеродинамика.

Се согласувам.

Само што го погледнав пак видеото и во информацијата ги пишува спецификациите за возилата. Моторите од видеото немаат иста максималната декларирана сила. Дизелот има 150кс, бензинецот има 140кс што ја објаснува малата разлика во максимална брзина.

Maксималната брзина навистина е одредена од коњажата (при све друго исто, хипотетски): два мотора со иста максимална коњажа, какви сакаат нека бидат, бензин, дизел, турбо, нетурбо, ќе постигнуваат иста крајна брзина.

Меѓутоа, крајната брзина е само една одлика на перформансите. Друга одлика е забрзувањето. А забрзувањето нема да биде исто кај бензинец и дизел со иста коњажа. При иста максимална коњажа, забрзувањето ќе биде подобро кај дизелот (но затоа дизелот ќе биде по скап да се купи)