Еден од најпријатните моменти кај тој мотор е дека, иако нема компреосри и суперчарџери, потегнува рамномерно и без колебање од 1250 вртежи и тој обртен момент трае до 4000 вртежи. За бензински мотор кој „идла“ на 700- 750 вртежи 1250 постигнуваш кога ќе помислиш да тргнеш а уште педала не си стиснал. Не сум возел електричен автомобил но чувствовот на повлекување одма и линеарноста на снагата ти дава пријатно и мазно чувство на контрола. 122KS не се фрапантни бројки за големината на колата, соодветно не вришти од снага, но како што реков ја има за мене доволно за да можам да живеам со неа и за мене секако побитно е да можам во тоа возило да се осеќам пријатно.
Одличен пост!
Штотуку прилично елоквентно ја опиша природата на добрите возни својства на кој било современ
дизелаш. Во таа смисла - ти благодарам. Ко јас да сум го пишувал описот на возење современ дизел. Све е вака ко што напиша. До последна буква. Особено ми се допаѓа твојата имплицитна потврда на она што го дробам цело време - дека максималната коњажа не е единствениот фактор кој ќе одлучи дали колата пружа уживање во возењето или не, ниту пак еднозначно ќе ги одреди реалните, секојдневни перформанси на патот. Драго ми е што (сакајќи или несакајќи) барем ти се сложи околу ова.
Што повторно не носи до засега неодговореното прашање: доколку турбобензинец нуди слични позитивни карактеристики (опишани погоре) при возењето како и турбодизел, дали постои друг начин да се „оправда“ значајно поголемата потрошувачка на горивото освен пониската набавна цена на бензинецот, а за исто максимални коња?
Со други зборови, што добивам со турбобензинец наспроти трубодизел
освен пониска набавна цена за слична максимална снага?
Да, бензинецот во лер и на многу мали брзини е значајно по тивок и безначајно по мирен, но никој тука не би го направил изборот за мотор во следното ауто само врз основа на звук. Така да баталете го тоа при одговарање на моето прашање поставено погоре. Ако имаш мотор X и мотор Y, при што суштинските карактеристики се на страна на X, а звукот на страна на Y, верувам дека никој не би го одбрал Y затоа што звучи „подобро“. Па така, уште еднаш да го повторам прашањето:
Што добивам со турбобензинец наспроти трубодизел
освен пониска набавна цена за слична максимална снага?