Не знам за Лагуна ама во Clio и Megane dci 105 прописно влече и има мала турбо дупка. Моторот е тивок и рафиниран, потивок е од TDI на W. Многу добро повлекува кога ќе се притисне. Не знам дали твојот dci е фаличен и го губи торкот или ...
Но потоа ми велиш 1.4 косилицата во Стило не е мртва. Таа косилица во СЕ е послаба од мојата косилица, 20НМ помалку, 1 секунда поспора, 8кмх поспора во максимална. Башка ја возев, не мрда.
Стварно не си ми јасен, за 1.4 мотор со 120нм зборуваш дека добро оди, а за дизел со 250НМ дека се губи.
Ова првите 30ккм после се деградира постепено а и ти со него.
Дупаката е мала ама длабока. Распонот на обртниот момент е краток едвај 1500 вртежи здрав обртен момент. Се губи во одредени услови и тоа е пред се заради малиот волумен кој без турбина не може ништо да направи. Контрастот помеѓу имање и немање торк е ко прекидач да палиш. Возењето поради тоа е се само не пријатно.
Јас возев многу коли пред да седнам повторно во Стилото. Од 2004 до сега имам сериозно извозено Лагуна 2.2dci, Мегане 1.5dci, Mercedes B1801,6T, сега алфава веќе 10ккм и еден Nisan Note 1.4 90ks на моите која беше во мое семејтво како втора кола а сега е кај моите. Имам повозено претежно надвор од СК служебни Laguni 1.5 dci и две А3-јки една со 1.4 тси и една 1.6 атмо(Оние коли кои ги тестиравме по 2-3 дена не ги бројам може сум промашил нешто). Од сите овие коли пред Стилото одат Мерцедесот(пред сите), А3 ТSI, Alfa 147 1.9 m-jet (овде на мисла ме тури но сепак аудито со ново поздраво подвозје е понапред од издрндана алфа, само внтрешноста ме мачи),Laguna 2.2dci.
И да најдев здраво Стило пред Алфава ќе беше тоа паркирано овде, оти тргнав по такво па понудите беа ужасно лоши во однос на Алфиве. Не примарно заради перформансите туку заради односот перформанси/одржување. Со доволно употреблив fun фактор.
А во однос на мртвилото на осет на мотор има еден јасен фактор на издвојување на она што го бараш од моторот. На пример за Insignia 1.6 TB многу во фирма истакнаа дека нема душа. Јас во град не можев да се оттргнам да не ја возам 120. Ќе се опуштам малце и дур сватам како стигнав. Ова никако не можев со Mondeo 2.0 Tdci да го најдам, ниту со Passat 2.0 TDI кој е нешто подобар од Ford-ов. Мислењата одеа тотално спортивно 3:3
Оние што ќе влезат во TB и ќе сакаат да менуваат брзини ко јас на Алфата на 1900 вртежи не мора ни да седнуваат. Ако не им се слуша моторот на 4000 вртежи како работи нека не го вртат. Ама со моторите тоа е. Се возат во оној опсег во кои се дизајнирани да дадат најдобри резултати, се друго е мачење за моторот, возачот или обете. Дополнително колите имаат фактор на „штедлив мод“, значи ако сакаш штедливо да крузаш има една мапа, ако стиснеш на гас има друга. На пример Lexus во своите модели има метод да оцени дали на гас стискаш нагло или полека и според тоа да одреди во кој режим ќе го погони моторот.