Баш ме интересира и ФилипВ што би кажал на ова пошто поседувал SDI.
Зависи од состојбата на sdi-то. Сум се возел во стари лошо одржувани канти од sdi во кои ќе ти пукне главата у лер, а не па на 3000+ рпм. Мојата лепотица, од друга страна, беше чичка нова од салон, меѓу последните нови sdi. И, како таква, на аутопут на 3000+ рпм беше потивка од королата (само 1 година постара) на братучед ми 1.6 бензинец. Не сум мерел, ама и братучед ми ги потврди моите субјективни оценки за бучноста. Од друга страна, у лер королата не се ни слушаше, за разлика од сди-то. Но, сеедно, чим почнува вожњата, разликата во гласноста многу брзо се топи. SDI на 3000+ рпм више е во големи (над 120 на саат) брзини и главната бука е од ветарот, така да...
Се на се, јас со мојот SDI не видов ништо од хорор приказните за бучни дизели кои ги изнаслушав претходно. Да, погласен беше од бензинец низ град, ама не беше ништо страшно. Баш и ми годеше некако тој фин пригушен бас. Еднаш дури и го добив класичното прашање „еи? ова дизел е?“ од едно другарче со пежо хди. Но, повторувам, мојот SDI не беше репрезентативен примерок: за разлика од мнозинството SDI, овој беше чичка нов и одржуван со многу љубов и пари - на пример, му турав САМО најскупо уље тотално уредно.
Да не спомнувам што после 2500-2700 џабе стискаш гас и имаш чуство дека моторот ќе излета од хауба.
Не, не беше џабе. Не лепеше така како што лепеше меѓу 1500 и 2500 вртежи, но торкот почињаше значајно да паѓа таму некаде после 3500 вртежи. Инаку, со 3000 рпм на аутопут доминантно држеше темпо на угорници, додека бензинци со многу повеќе коњи губеа здив.
Многу ми фали тој мотор. Многу.
