Барав график за мојата косилица. Не најдов, но најдов за слична, со појак 1.6 мотор:

Како што може да се види од графикот, моторот располага со просечни 130НМ. Mојот е уште послаб и располага со просечни 120 НМ. Тоа значи дека во ниту еден момент моторот не повлекува, не лепи. Сепак моторот има 109 кс, и за да ги искористи тие умрени коњи, мора да користи мењач со кратки брзини. Крајниот резултат е возило што при 130кмх работи на 4000 рпм. Потоа, 109 те кс во теорија ги имаш на високи вртежи,но во пракса ги немаш ни таму. Колава може нагло да забрза само во прва брзина. Претекнувањата мора да се прават плански, односно пред да претекниш мора 10 секунди претходно да ја притиснеш педалата за гас до крај.
Hyundai 1.4 косилицата е најсофистицираната 1.4 косилица на пазарот, можете да замислите какви се другите со 70, 80 или 90 кс. Но не е се така лошо со косилиците. Лоша е за на отворен пат, за низ град е супер, тивка е, и си поминува со 7 литри.