Машала, 100 килца потежок дизелов. 
И тоа, кај што не треба! У нос и тоа пред предни тркала 
Освен многу малку модели досега произведени кои имаат тежина 50:50,кажи ми кој друг модел кој не е потежок напред кај моторот?Алфата кој распоред на тежина го има?Твојата 166-та?
Коли со преден погон пожелно е да имаат поголема тежина на предните тркала. Тоа обезбедува тракција. Ако е 50:50 или помалку напред, нема да тргне без чкрипење гуми. Но не е тоа поентата. Ако голф GTI има тежински однос 60:40 напред:назад, голф GTD има 65:35. Тоа е проблемот. Башка есап, како што кажав, не е проблемот САМО во 100-те кила што тежат на предната осовина, туку се ПРЕД предната осовина (поставеноста на моторите со предна влеча е врз и пред предната осовина). Тоа влијае „одлично“ на андерстир ефектот. Што се однесува до мојата алфа, тежинскиот однос и` е одличен и многу што имале 2.0 ts покрај друга некоја (дизел или V6) ја оцениле како подобар хендлер од останативе.
Споредбениот текст ако го прочита, ќе видиш дека дизелот е единствено подобар во (замисли) ПОТРОПШУВАЧКА

@FilipV, во секојдневното возење користиш 50% од одот на педалот за гас, ретко кога возиш нон-стоп со педал до крај притиснат. Торкот го регулираш со тој педал. Дали ти ќе стиснеш 20% на педал а јас 40%, исти к*р. Менувачот ми овозмозжува во понизок пренос да го конвертирам торкот во поголемо забрзување, обртаите ми помагаат ако треба да употребам поголема сила. Само мрзливоста може да гласа дека дизелот има предност. Ако ставиме исти менувачи на дизел и на бензин со иста снага, со исти преноси и ист диференцијал, што мислиш, кој ќе биде во предност тогаш? Како што еднаш кажав, делта торк кај бензинците во нивниот распон на вртежи е ист или поголем од делта торкот кај соодветно моќен дизел. Менувачот го прави останатото - да го искористам во секојдневно возење делта торк. Ама кој сака да сфати ќе сфати.
По твое, ако некогаш имаш (дај боже да имаш) возило со преку 500 Nm торк, баш ќе те прашам колку често ќе го искористуваш макс торкот. Или може ќе го користиш, али гуми секои 2 месеци ќе мењаш.
Твоето мислење во оваа дискусија е се` само не скромно. Не си ласкај
