Тежината веќе не толку поголема. Најчесто исто забрзува до 100кмх, иако тој податок е најнебитен. Во пракса секогаш го чувствуваш одговорот на моторот, кој кај бензинецот е секогаш во стилот: оди ти јас ќе дојдам.
Во прва и втора дизелите не се многу практични, но затоа во останатите три брзини се многу попрактични. Бензинецот делува силно во прва и втора, во останатите три брзини е мртов. Бензинец на автопат се чувствува ко американски војник во џунла во виетнам, целосно беспомошен. Бензинецот за да држи чекор со дизелот треба константо да се брчи на 6000рпм, додека дизелот срекно си работи на 3-4000. Дека бензинецот малку трошел тоа е приказна за деца, Маријан ги објави податоците од потрошувачката на најновиот 1.4 тси. 8 во град, 7 на отворено.
Досега ви поставив само еден услов: донеси мотор со иста снага. Но сега ви поставувам уште еден услов: да ги ограничиме двете возила на 3500рпм и да ги споредиме. Бензинецот ке мора да е дупло посилен за да може да држи чекор, или 5x ако е Хонда.