Прашањата се вистински, заклучоците мирисаат...

Anyways околу уживањето во возењето, еве да го опишам тоа што мене ми праи ќејф:
1. Почнувајќи откако ќе го стартувам мотоорот, уживам во неговиот звук дур помине фазата на повишен лер гас и смирување на низок брои вртежи.
2. Уживам во звукчето до 1100-1200 вртежи пред да пуштам куплунг (спојка),
3. уживам што можам до 40км/ч да користам една брзина и не мора 3 да сменам.
4. уживам што можам 2ра брзина да ја одвалам до 90-100, без да имам потреба да убацам у 5-та.
5. уживам што можам моторот да го држам во висок број на вртежи кога качувам кривулести планински патишта, и притоа да имам одлична контрола на торкот и снагата.
6. уживам кога забрзувам од 2000-7000 вртежи во една брзина, а притоа снагата постојано да го прати торкот, без да се осети пад на забрзувањето
7. уживам кога може да симнам две или три брзини надолу без да отидам у црвено подрачје
8. Притоа уживам во звукот што се слуша при сите овие горе наведени операции.
Веројатно уживам и во некои други работи кои се стриктно поврзани со безниец како избор на мотор, но не ми текнуваат, некој ќе надополни сигурно.