чичо да ви каже
кога купувате кола, глејте моторот секогаш да биде од последнта генерација на тој мотор, последниот пред да биде заменет со нов модел. Во тој мотор се исправени сите нормални грешки и фалинки кои евентуално ги има кај првите генерации од истиот мотор.
Не знам дали се вика „генерации“ али ваљда се разбира што сакам да кажам. верзии.
Секој мојотор во својот производствен циклус минува низ миљон модификации, чепкања, исправања грешкички итн итн. Кај некои мотори такви грешки има малку или ич. Кај некои мотори тие „детски болести“ траат подолго, како на пример 1.5 дци, ама на крај сите биваат излечени така да тоа е тоа
1.5 dci е скоро заменет со 1.6, што значи дека нов 1.5 сега е перфектен - за кој ќе успее да го фати и да го купи нов.
барем тоа беше мојата логика и со оваа, и со претходната кола. И во двата случаи (сди и дци) дефекти на мотор нула, зеро, а изминати кумулативно скоро 300.000 км и не покажуваат знаци на каков било замор, промена,што било. само редовно мењање скупо уље
Некој спомна 1.5 дци бил „млитав“. Шознам. Треба само да му се научи турбо дупката и со малце вештина лева-десна-нога знае да полета... Да, малце е „безвезе“ тоа со турбото, ама се учи лесно