Апсолутно. Како што колегата Томе еднаш кажа - ако сум доволно богат, не значи дека сум глуп па да се расфрлам, односно ако доволно богат да направам куќа, треба да ја направам без изолација и да плаќам милиони за греење, пошто имам пари?
Ја би конвертирал све што можам на плин (да возев бензинец), и нека се чуди кој сака, и нека ме праи сељак кој сака. Уствари, мојата логика би била следната - колку поголем (атмосферски) мотор - толку поголеми шанси колата да ми биде на плин.
Јас да се пријавам ко глуп

До сега сум имал 4 коли и сите бензинци и сите атмосферци. До сега на ниедна не сум инсталирал плин од причина што имам принцип да не модифицирам она што е предвидено од фабрика. Во моментов имаме две возила , бензинци, едното 1.6 атмосферец, другото 2.0 атмосферец и не ми ни паѓа на памет да ставам плин. Од друга страна па кога нешто купувам прво гледам дали може да си го приуштам правилното одржување и трошковите од истото, и ако увидам дека не би можел воопшто не го ни купувам. Од друга страна па со исклучок на првото мое возило (GOLF 2 Benzin (зглобови мењав на пола година на пример), со сите други сум имал многу евтино одржување (се по пропис, исклучиво оригинални делови), и никогаш не сум имал некој скап квар (со исклучок кога ми го рикнаа компресорот за клима ставајќи дупло повеќе фреон него што требало).
Исто дали дизел или бензин, не го поставувам мислењето така ригидно, туку зависи од возило, од модел и од намена.
Како живеам во центар и имам доста кратки релации на возење, и како проблемот со DPF не е измислен, туку постои кај сите произведувачи, дизел не ми се купуваше ради потенцијални скапи проблеми (исто разни проблеми со затнати дизни или како ли се викаат

).Исто во мојот случај разлика од бензин до дизел беше 7500 еур, износ што не сум убеден дека ќе го исплатам а поготово што дизел верзијата на моето возило трошеше само литар помалку од мојата бензинска верзија.
поздрав
Дарко
п.с.Во понеделникот направив прв сервис на 9300 км. Ме чинеше само 1300 МКД (уље ми дадоа гратис, ми наплатија само филтер и работна рака). Исто и другите сервиси се прилично евтини (брат ми со Qashqai 2.0 dCI , има доста поскапи сервиси од мене)