Гласање

Choose your destiny!

Бензин
241 (58.5%)
Дизел
171 (41.5%)

Вкупно гласови: 412

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 2541930 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #7110 на: 02 Мај 2013, 19:21:14 pm »
Да а и пријатели во сервис. Јас на сите им гиимам броевите, на некои и родендените на памет им ги знам :)


Ма можда и пошто прва кола му беше Шкода Хиљаду Малих Брига, имаше преоден пат со возила, да не му дојде нагло да има кола што не се расипува редовно. Знаеш кога ќе се навикнеш на нешто , после тешко ти паѓа ако не е така и понатаму , па вака постепено :)


Darko

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4117
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #7111 на: 02 Мај 2013, 19:24:19 pm »
Сепак верноста на брендот е посилна, само напред!

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #7112 на: 02 Мај 2013, 19:29:29 pm »
Сепак верноста на брендот е посилна, само напред!


Што го нема ФилипВ у дискусијава? :)



Darko

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4117
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #7113 на: 02 Мај 2013, 19:31:21 pm »
Не можеме сите да висиме секогаш на форум, ќе си најде време ќе си каже.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #7114 на: 02 Мај 2013, 19:33:43 pm »
Ништо од тој муабет, се знае ако штедиш купи си дизел или некој 1,4 или 1,6 и стави го на плин, а да возиш 3000 или повеќе кибика мотор и да го ставиш на плин нема логика бар според мене. Кога купуваш голем бензинец по дифолт значи дека не бараш економична кола туку перформанси без разлика на цена

Многу си ограничен у размислување. Најверојатно се должи на тоа што уште немаш животно искуство.
Баш мотор од 3000 цм3 се става на плин. Бар помало загадување ќе има ако ништо друго.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #7115 на: 02 Мај 2013, 21:12:11 pm »
Сепак верноста на брендот е посилна, само напред!


Што го нема ФилипВ у дискусијава? :)



Darko

 :)

за што, за дци муабетот?

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #7116 на: 02 Мај 2013, 21:43:34 pm »
Сеуште неможам да разберам зашто е греота? Демек срамота е ако имаш пари да заштедиш? Ако системите се напреднати доволно за да нема загуби на моќност која е разликата?
Апсолутно. Како што колегата Томе еднаш кажа - ако сум доволно богат, не значи дека сум глуп па да се расфрлам, односно ако доволно богат да направам куќа, треба да ја направам без изолација и да плаќам милиони за греење, пошто имам пари?

Ја би конвертирал све што можам на плин (да возев бензинец), и нека се чуди кој сака, и нека ме праи сељак кој сака. Уствари, мојата логика би била следната - колку поголем (атмосферски) мотор - толку поголеми шанси колата да ми биде на плин.

Кај бевте кога го зборев ова. Само ни со многу постови неможев вака убаво да го опишам. :)))

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1857
  • Renault Megane R26
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #7117 на: 02 Мај 2013, 22:01:51 pm »
Одредени членови константно ги потенцираат проблемите на Дци моторите,а ништо конкретно не потенцираат,се е некако во завиена форма.
Јас сум сопственик на Дци мотор моментално а и претходно сум поседувал неколку Дци мотори со кои сум немал никакви проблеми.

Јас не сум никаков репер за тие мотори и не тврдам дека моторите се добри,можеби јас сум имал само среќа да немам проблеми.

Пожелно би било тие членови што имале проблеми со конкретниве мотори да ги споделат со нас,па можеби ќе научиме нешто на што треба да се внимава.

Немора овие муабети да се прават во оваа тема,може да се отвори и посебна тема за проблемите и расипливоста на Дци моторите.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4117
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #7118 на: 02 Мај 2013, 22:17:02 pm »
За 2.2 dCi можам да ти наредм цела листа на глупости што се темели на лоши контруктивни решенија и квалитет на изработка.

За 1.5dci освен што мислам дека е „Киро Фетак конфекција“ за нас што мака мачиме пари за поскап мотор да дадеме имам неколку кои не се врзани само за моторот туку конкретно за производителот:
- ECU
- Задни амортизери
- ламела
-бризгалка за гориво

сето ова до 85ккм

Колата е 2007 Меган 1.5dCi со 106ks, секогаш сервисирана во официјален сервис Аутомотив Груп.

Со ист ваков мотор имам возено Лагуна so 110 ks немам ништо особено да го пофалам моторот подеднакво ми е млитав и анемичен како и конфекциските бензинчиња  во основните модели на истиов Меган.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #7119 на: 02 Мај 2013, 22:23:24 pm »
Пријателот што си ја скрши раката вчера и го земав од болница има Меган 1,5 dCI. Ќовекот е доктор на детската клиника. Секоја втора недела вози на разни конференции секаде низ европа и проаѓа по 5-6000км месечно. Го возев меганот пред месец дена и баш зборувавме, никогаш немал никаков проблем со моторот. А има 200.000 поминато. Така да не би рекол дека е правило да не се трајни клучни компоненти од тој мотор кај Меган.,

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #7120 на: 02 Мај 2013, 22:24:42 pm »
чичо да ви каже

кога купувате кола, глејте моторот секогаш да биде од последнта генерација на тој мотор, последниот пред да биде заменет со нов модел. Во тој мотор се исправени сите нормални грешки и фалинки кои евентуално ги има кај првите генерации од истиот мотор.

Не знам дали се вика „генерации“ али ваљда се разбира што сакам да кажам. верзии.

Секој мојотор во својот производствен циклус минува низ миљон модификации, чепкања, исправања грешкички итн итн. Кај некои мотори такви грешки има малку или ич. Кај некои мотори тие „детски болести“ траат подолго, како на пример 1.5 дци, ама на крај сите биваат излечени така да тоа е тоа

1.5 dci е скоро заменет со 1.6, што значи дека нов 1.5 сега е перфектен - за кој ќе успее да го фати и да го купи нов.

барем тоа беше мојата логика и со оваа, и со претходната кола. И во двата случаи (сди и дци) дефекти на мотор нула, зеро, а изминати кумулативно скоро 300.000 км и не покажуваат знаци на каков било замор, промена,што било. само редовно мењање скупо уље

Некој спомна 1.5 дци бил „млитав“. Шознам. Треба само да му се научи турбо дупката и со малце вештина лева-десна-нога знае да полета... Да, малце е „безвезе“ тоа со турбото, ама се учи лесно

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1857
  • Renault Megane R26
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #7121 на: 02 Мај 2013, 22:33:43 pm »
Задни амортизери и ламела немаат никаква врска со моторот.Муабетот ми беше конкретно за моторот,бризгалката за гориво претпоставувам дека е од убавово гориво што го имаме ама ете и тоа ќе го ставиме во мани на моторот.

Проблеми со бризгалки за гориво имам слушнато од многу луѓе поради лошо гориво и тоа кај многу различни производители.
Ecu-то е веќе поголем проблем кои верувам дека е фалично искочен од фабрика.

Пред 1.5 дци 106кс возев 1.6 16в и најодговорно тврдам дека бензинецот беше далеку по анемичен и млитав од дизелов а притоа арчеше скоро дупло гориво.

Инаку пред некое време продадов меган 1.5дци со 80000км и притоа немав никаков проблем освен редовно одржување,можеби сум имал среќа.

Искрено не ми е целта да го бранам брендот или моторот само сакам секој да ги сподели позитивните или негативните искуства.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4117
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #7122 на: 02 Мај 2013, 22:33:52 pm »
Пријателот што си ја скрши раката вчера и го земав од болница има Меган 1,5 dCI. Ќовекот е доктор на детската клиника. Секоја втора недела вози на разни конференции секаде низ европа и проаѓа по 5-6000км месечно. Го возев меганот пред месец дена и баш зборувавме, никогаш немал никаков проблем со моторот. А има 200.000 поминато. Така да не би рекол дека е правило да не се трајни клучни компоненти од тој мотор кај Меган.,

Megan-ot само по себе е фалична кола, барем оној модел што јас го возев и сите од фирма своето парче. Во ништо не можам да ги пофалам неговите возни својства. Непрецизно управување, плива на големи нерамнини, мава на кратки дупки, не баш арни седишта (во 3 изведби на внатрешност). Типичен конфекциски производ без никаква посветеност на возните својства.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1857
  • Renault Megane R26
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #7123 на: 02 Мај 2013, 22:47:34 pm »
Секој со своите размислувања,убедувања и вкусови.Јас поседував неколку меган 2ки и бев задоволен од секој од нив,и затоа се решив за 3ка а не дека сум нешто лојален кон брендот или пак фирмата е на татко ми.

Возилото е далеку од совршено ама за мене и далеку од фалично,ако беше фалично не би се осудил да купам неколку примероци па макар и да е последната кола на светов.


Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4117
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #7124 на: 02 Мај 2013, 23:01:33 pm »
Нез нам за последната верзија што ја имаш како се покажува. Единствен асален меган во кој ме имаат возено е оној што го поседуваше мој добар другар кој го водеше сервисот на Automotiv Grup.