Сеедно. Немаат некоја предност. Ти имаш торк, јас имам вртежи.
И при максимални вртежи го немаш торкот на дизелот, по фабрички спецификации разликата е голема да не правиме муабет реалност каде неможеш да ја возиш цела Стража на 6000 обртаји пошо неразумно ќе го изгориш моторот и ќе потрошиш еден куп бензин, а ако ја возиш алал да ти е за спремноста да пукнеш толку пари за толку мала километража 
Полека, со зелениве! Никој мотор што е направен за возење на 6000 вртежи не изгорел на 6000 вртежи!
Пред да се појават дизеливе никој не ни го „драматизираше“ торкот во колите ко не се наменети за тегнење товар. Сега кога тоа е аргумент повеќе постојано се вергла. Епа ИМТ има одлични трактори со 2,4L мотори со 35ks и можат приколица бостан до Плетвар да искачат. Тркот на тој мотор не го прави подобар возен агрегат за автомобилот кој јас сакам да го возам. Веројатно ни ти не би го сакал истиот мотор во товојот автомобил.
Ако два велосипедисти возат на некоја стрмнина нагоре, и едниот има одличен торк па може да вози на помали запчаницим но не може брзо да врти (го мачи неки тендонитис), а друг нема добар мускул но врти 2 пати побрзо од првиов, кој побрзо ќе се искачи до врвот?