@filip
од кај да знам,оди прашај ги
Смичка, кога некој настапува со категоричко тврдење, мора да биде во состојба да ги објасни и нужните последици кои тоа тврдење ги имплицира.
Па така, ако некој каже дека „единствена предност на дизелот е потрошувачката“ тоа нужно имплицира дека оние кои не им се проблем пари возат исклучиво бензинци, бидејќи единствената предност веќе не е фактор.
Меѓутоа, реалноста кажува нешто друго. Реалноста кажува дека дизели купуваат и луѓе кои очигледно имаат доволно пари да напунат резервоар и со бензин и со дизел.
Како тоа? Што се случува?
Моето предлог решение е ова: ја отфрламе хипотезата „единствена предност на дизел е потрошувачката“ и ја заменуваме со „покрај малата потрошувачка, дизел моторите имаат и специфични возни својства кои на некои луѓе им се допаѓаат и ги одбираат наспроти бензинец“.
Што велиш на оваа моја теза? Дали ја прифаќаш како валидна?
Конечно, и самиот се наоѓам во категоријата „оди прашај ги“, бидејќи можев да купам бензинец за помалце пари со поише коњи, но тоа не го сторив. Можев да купам и мал бензинец кој троши релативно малце, а и даље нуди 100+ коњи. Па „оди прашај ги“ значи дека ќе се прашам самиот себе. И мојот одговор е дека поише ќеф ми прави возењето дизел. И не се инатам. Зошто би се инател? Луд ли сум да фрлам пари од инат? Ќе си купев бензинец и чао.
Значи, прифати дека постојат луѓе кои им се свиѓаат специфичните возни својства на дизел. Можеби тие луѓе се малку на број, но сепак ги има. Априори да се зима бензинецот како бољи за возење ... е ТОА е инаетење.