Еве јас возам бензинец на бензин и се најдов погоден од твојата стручна констатација дека треба да возам дизел за да видам „ќејф“.
Еве јас возам дизелаш на дизел и се најдов погоден од *мноштвото* стручни констатации дека треба да возам бензин за да видам „ќејф“.
Или, кога некој ќе каже дека само бензин пружа ќеф - тогаш е ок. А кога некој ќе зуцне дека дизел пружа ќеф - тогаш ај да го обесиме, а?
Мојот предлог: да не дискутираме за ќефои, пошто тоа е субјективна ствар. На еден едно му праи ќеф, на друг друго.
Не, ќе го маскираме ко дрво, и ќе оставиме власта да го направи остатокот.
Ако ти е ќеф да возиш на дизел, вози дизел, не би требало да постои жива сила која би го променила тоа. Јас би возел дизел ако и само ако немам друг избор, или бензинецот не би имал поента (на пример, СУВ, доставно товарно возило, и можеби семејни лимузини). Никогаш не би можел да го сакам дизелашот, како што го сакам бензинецот.
На што мислиш дека се заснова „расправава“? На саде факти и докази? Секој има свој ќеф што му ги „пуш хис батнс“, и првенствено се води според него. Проблем е кога се нафаќаш својот ќеф да го наметнеш врз друг, како што се случува во темава бескрајно многу пати.
Јас дадов предлог како твојот многу одамна, ама ретко кој е во состојба убаво да го дигестира, без да поврати врз другите учесници во темава.