@filipv
Да изберам атмосферски дизел наспроти турбо дизел ми е исто ко што пластифицираше Шмичка, ко да изберам некоја грда, дебела и смрдлива(под мишки, меѓу ноги, на ноги, позади уши и т.н.), небањата без заби стара баба наспроти некој млад, убав, стегнат и сексиљав пичурник кој мириса на пролет...
Воедно изјавите ти се контрадикторни до максимум. Нели ти беа битни перформансите во било кој момент кога ќе стиснеш на папуча да те повлече возилото, па ти беше битна економичноста. А сега преку милисекунда се откажуваш од драстично поголемите перформанси и драстично поголемата економичност на турбо-моторот.
Доколку читаш внимателно ќе видиш дека нема контрадикција и дека од ништо до сега кажано не се откажувам, ниту експлицитно ниту имплицитно.
1. Пак изгледа пишувам работи за украс, не биваат прочитани, а трошам време и концентрација внимателно да ги бирам зборовите. Реков дека
при иста или слична моќност, бирам атмосферец. Меѓу 1.9 SDI со 68 коња и 1.4 TDI со 75 коња бирам SDI. Но, ако треба да бирам меѓу 1.9 SDI со 68 коња и 1.9 TDI со 90 коња, бирам TDI од 90 коња.
2. Инстант-одазивот на папучата за гас е одлика на атмосферски мотори кои немаат турбо лаг. Така да не гледам што сум напишал што е во спротивност со ова. Те молам да ми посочиш доколку јас сум напишал нешто што е во спротивност со ова, а сега го заборавам.
3. Не се откажувам од ништо, ако не се согласуваш те молам да посочиш со што точно се откажувам.
4. Во емпириски утврдената и експериментално докажана реалност 1.9 SDI троши помалку, а не повеќе од турбодизелашите на vw. Споредено безброј пати со новата (на времето) кордоба 1.9 сди наспроти новиот 1.4 tdi румстер на колегата. При иста коњажа турбашот у принцип ќе троши помалце, но во конкретниот SDI случај коњажата е помала, а не иста. Твојот категорички став дека турбашот има „драстично поголема“ економичност е во конкретниот SDI случај дубиозен затоа што просто не кореспондира со реалноста.
Уште еднаш те поканувам да ја изложиш мојата наводна контрадикторност за која што ме обвини, иако до сега не си се покажал како одговарач на конкретни, еднозначни прашања, дури и кога ти се поставени во наједноставен можен „да/не“ формат. Конечно, искази кои се - да ги искористам твоите зборови - „контрадикторни до максимум“ лесно се презентираат. Повели.