Нека е и погрешно употребена, ама потребно ти е атест за да го возиш возилото. А се менува електричното коло за инџектори и ламбда сонда, се додава нова електроника за лпг дизните, се додава нова инсталација за плин, нов резервоар. Се буши главата за пупки да се наместат за инџекторите, некои дури и додтано подмачкување на вентили. Не знам како се нарекуваат овие интевенции врз моторот. Секако карактеристиките се изменети, има помалку снага поради тоа што LPG/CNG се вбризгува во гасовита форма, за разлика од бензинот кој се вбризгува во течна форма. Моторот и палењето се подесени за бензин, не за LPG, ако ти го искористиш фактот дека LPG-то има преку 100 октани, може палењето да го подесиш многу поефикасно за LPG. Така да, штом не е нативно гориво за моторот, туку е извршена (како сакаш наречи ја) конверзија, не е исто. Мора да се согласиш. Иако загубите во снага се многу мали, сепак постојат. А да не зборуваме за варијациите во квалитетот на горивото и односот на пропан/бутан во LPG...