Гласање

Choose your destiny!

Бензин
241 (58.5%)
Дизел
171 (41.5%)

Вкупно гласови: 412

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 2531323 пати)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #6600 на: 25 Април 2013, 15:01:09 pm »
Јас си возам. Поготово со плинот стегам немам гајле. А повеќето дека возат измеѓу 2-3000 обрт. се слагам. И за нив не е бензин, дизелче само. Ама тоа ништо не докажува, сем колку сме бедни како држава.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #6601 на: 25 Април 2013, 15:01:38 pm »
Само едно можам да кажам  тие што имаат дизел од нив 50% и повеќе сакаат да возат бензин!!!

ма јасно, у салон им искочил некој талибанец и уперил калаш у глава и рекол „купуј полоша кола за поише пари иначе пукам“

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #6602 на: 25 Април 2013, 15:34:51 pm »
Да, да, исто ко на темава, организиравме бугарски воз за мнозинството да гласа за бензин!
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #6603 на: 25 Април 2013, 15:35:49 pm »
Луѓето што ги боли ташак колку им троши колата и што не и се плашат и те како си ги возат бензинците. Земи пример од некој што има бензинец службен, си шибаат ги пукаат и не им дреме, воопшто го нема она, леле колава е трома на 1100 обртаи, пошто на толку работи само при тргање. И за чудо кога возиш така еден бензински мотор повеќе трае, не се гуши, зошто се вози така како што е и наменет.

Нормално дека повеќе ќе трае така. Нема тука ништо чудно.

Но и понатаму стојам на ставот дека бензинците вообичаено се возат меѓу 2 и 3 илјади рпм. Погледнете си у обртометрите следниот пат и видете во кој опсег стрелката ќе поминува најголем дел од времето.

Јас бензинците ги возам меѓу 1000 и 2500 вртежи. 2500 никогаш и немам ПРАКТИЧНА потреба да ги надминам. А сега погледни ти во твојот обртомер и кажи ми што гледаш :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #6604 на: 25 Април 2013, 15:37:16 pm »
А сега погледни ти во твојот обртомер и кажи ми што гледаш :)
Ваљда испод 1000RPM, пошто тогаш дизелот има искористлив момент и моментот треба да се искористи. :D
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #6605 на: 25 Април 2013, 15:52:08 pm »
Да, да, исто ко на темава, организиравме бугарски воз за мнозинството да гласа за бензин!

гласањето можеше комотно да гласи „каква кола имаш у моментов“ и резултатот ќе беше мање-више ист

Јас бензинците ги возам меѓу 1000 и 2500 вртежи.

знам.

А сега погледни ти во твојот обртомер и кажи ми што гледаш :)

1000-2000 низ град, на аутопут докај 3000 најмногу (најчесто помалку од тоа), на проблематично претицање на регионален пат до 4000-4500.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #6606 на: 25 Април 2013, 15:58:43 pm »
Значи во принцип и не ни се разликува за многу :)
Уште да имав турбо бензинец со ефикасност приближна на таа на дизелот, со пониска цена на купување, сервисирање и регистрација..... мераци ќе беше :)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #6607 на: 25 Април 2013, 16:09:32 pm »
разликата помеѓу тие што возат дизел и бензин е тие што се на бензин у град зјапаат 90% у обртмер да не поминат над 2500 рпм а на отворено да не поминат над 120 км на саат со исклучок да ја издуваат колата до 180 или повеќе ама не подолго од 2 минути затоа што колата одма ке им троши над 10 на отворено а дизелашите ги боли стапот посебно кога оди на отворено затоа што просек возат 140-160 со пола литро поголема потрошња од таа што бензинецот може да ја покаже на 80 у 6та... пасат 2.0тди 2010 блумотион до Атина и назад со клима 90% од патот и просек од 150 4.6 литри нафта. Нека ми каже некој од сите тука на форумов што имаат бензинец дали приближно дошле до оваа бројка. Да се разбереме живееме во сиромашна земја инаку факт е дека 6.0 бензин стои подобро во q7 отколку 3.0 тди ама јбг кога гледаш на потрошувачката тоа е како и да е бензин е подобро од дизел ама само ако имаме плати над 2000 еур :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #6608 на: 25 Април 2013, 16:28:15 pm »
^ Глупости

Без да имам обртомер знам на колку вртежи работи моторот според звукот.
Секогаш брзините ги цедам до 4000-4500 вртежи(максималниот вртежен момент моторот на мојот автомобил го достигнува на 4300RPM)додека стигнам на посакуваната брзина на движење на автомобилот и убацувам у петта, ако веќе не сум дошалтал до таму. Кога претицам ако има потреба цедам и до 5500(максималната снага моторот на мојот автомобил ја развива на 5500RPM). На автопат возам во просек 140km/h, а тоа е од прилика на 4000 вртежи во 5-та брзина.

P.S. Имам гласано за дизел, т.е. за турбо-дизел.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Nikola X

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 312
  • It is what it is and that is it :)
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #6609 на: 25 Април 2013, 16:37:22 pm »
Само едно можам да кажам  тие што имаат дизел од нив 50% и повеќе сакаат да возат бензин!!!

Јас мислам дека е обратна ситуација, кој купил бензин водејќи се по пресметките дека треба нз колку време да вози за да направи разлика сватил дека џабе фрла пари низ ауспух кога секој Т Дизел го јаде по улици за упола пари и после измислува дека дизелите чаделе, мирисале, не влечеле после 4000рпм и такви муабети кои се ирелевантни и невистинити во секојдневие (зборам за дизели кои се понови од 10год и возени под 100000000км)... Па кој може да ме натера да купам нешто што НЕ сакам? Башка поевтино ќе го земам и чиста работа по вас што сте фанови на бензинци. Бензин возиш и се нервираш на секоја гужва (каде неможеш да возиш на 1500000 ортаји и да сакаш, а вие го кажувате за мана на дизелот), секој семафор на црвено ти значи губење нерви и се поради потрошњата која е неоправдана за перформансите. Дизелот јас пробувам да му намалувам потрошувачка ама разликата од многу и малку никогаш не е повеќе од 1л додека кај бензинец добиваш 2,3,5 литра разлика во потрошња зависна од стилот на возење... Како што претходно кажав бензин е во предност само кога си на тркачка стаза а real life скоро ништо нема предност освен опцијата да му ставиш плин за да можеш да се фалиш дека возиш поевтино него на дизел...
« Последно менување: 25 Април 2013, 16:49:28 pm Nikola X »

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4114
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #6610 на: 25 Април 2013, 16:40:00 pm »
Тоа никад не се деси во темава. Од едноставна причина. И самите знаат дека снагата им е од турбото, не од технологијата за локомотиви.

!

Како „никад не се деси“ кога јас повеќе пати го имам фалено SDI?

Него, друга работа ми паѓа во очи: поборниците на бензин почесто користат hate speech и fallacious аргументи отколку поборниците на дизел. Дали така само ми се чини? На што би личело твдрењето дека „бензинашите самите знаат дека снагата им е од вртежите, не од технологијата за скутери“? Нели е безвезе оваа реченица?

Да, оти бензинските мотори покасно се појавуват во скутерите отколку во автомобилите, но дизелите прво се создадени за индустриски агрегати потоа се донесени во автомобилската (преку трактроско камионско транспортниот сегмент).

Па онаа првата за локомотивите не личи премногу неточно колку твојот пример. Но нема потреба од „негодување“, токму тие карактеристики тебе ти одговраат.
Тегнат, траат, помалце гориво трошат - се некако ми личи на индустриски рационална технологија каде што нема место за задоволство, само исплатливост на експлоатација.


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #6611 на: 25 Април 2013, 16:41:00 pm »
^ Глупости

Без да имам обртомер знам на колку вртежи работи моторот според звукот.
Секогаш брзините ги цедам до 4000-4500 вртежи(максималниот вртежен момент моторот на мојот автомобил го достигнува на 4300RPM)додека стигнам на посакуваната брзина на движење на автомобилот и убацувам у петта, ако веќе не сум дошалтал до таму. Кога претицам ако има потреба цедам и до 5500(максималната снага моторот на мојот автомобил ја развива на 5500RPM). На автопат возам во просек 140km/h, а тоа е од прилика на 4000 вртежи во 5-та брзина.

P.S. Имам гласано за дизел, т.е. за турбо-дизел.
колку ти е потрошувачката?

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #6612 на: 25 Април 2013, 16:47:56 pm »
Во темава во изминативе 441 страна има најмногу глупости кажани по глава на форумџија.
Како и да се вртиш, колку и да се расправа човек, дизелот има ЕДНА и ЕДИНСТВЕНА предност, потрошувачката и НИКОЈ НА ПЛАНЕТАВА ЗЕМЈА НЕ ГО ОСПОРУВА ТОА.

Отсутен Nikola X

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 312
  • It is what it is and that is it :)
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #6613 на: 25 Април 2013, 16:52:26 pm »
Во темава во изминативе 441 страна има најмногу глупости кажани по глава на форумџија.
Како и да се вртиш, колку и да се расправа човек, дизелот има ЕДНА и ЕДИНСТВЕНА предност, потрошувачката и НИКОЈ НА ПЛАНЕТАВА ЗЕМЈА НЕ ГО ОСПОРУВА ТОА.


Ти кога би добил исти перформанси за упола цена пак би возел бензин само ради тие 2000рпм+ од дизелот???

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #6614 на: 25 Април 2013, 17:00:57 pm »
Не е упола цена прво. Друго, турбо бензинец го јаде турбодизелот посебно заради тие 2000рпм + чиста снага.
Или да не се повторуваме, турбо дизел има сила и максимален торк (вашето височество торкот) од 1 и нешто до 3000. Турбо бензинецот има до 4500+/-. Ако ми кажеш "Да ама дизелот помалку ќе потроши" ќе се палим со бензин, зашто таа потрошувачка е веќе прифатена од цел форум уште на првата страна.