Што имаш да изјавиш за еластичноста на 2.0SDI и неговите перформанси на точак: од 0 до 100km/h за неверојатни 17s.
Како што дури и ЏК се согласува, од аспект на секојдневната вообичаена експлоатација, времето од 0 до 100 кажува само еден мал дел од приказната, не целата.
Истото важи и за максималните коњи (тнр коњажа).
Практично тоа многу убаво се демонстрира на два начини:
1. Споредба на атмосферски дизелаш од (да речеме) 65 коња вс атмосферски бензинец од 65 коња.
2. Споредба на атм. диз. кој иде 0-100 за (да речеме) 15 секунди вс атм. бенз. кој од 0-100 иде за исто 15 секунди.
Во овој хипотетски пример, двата мотори имаат исто коња и исто време до 100. Меѓутоа, возните својства се и покрај тоа дибидус различни и се подобри кај дизелашот и при тоа воопшто не се мисли потрошувачката. Таа е само бонус (уствари не е баш бонус ради значајно повисоката набавна цена на 65 коња дизел вс 65 коња бензин)
Од друга страна, за тркање (што НЕ е нормално возење!) бензинецот секако ќе биде бољи ради помалата тежина и сместеноста на макс торк близу макс коњи.