Да дае господ гОЈДЕ да си купи едно Маздуле со дизелче од 184 коњови во најскоро време и тоа краван, чисто за да видам во кој правец ќе му бидат дискусииве на темава ! 
Ќе даде, ќе даде, а можда ќе даде и за тро појќе

Јас немам ништо против турбо-дизел, имам многу за. А исто имам и за турбо-бензин. Сепак турбо си е турбо.

Тоа што имам против е против дезинформациите кои се пишуваат на темава, а посебно од луѓе без искуство и без некои факти, знаења и аргументи на темата на која дискутираат.
BTW, тоа новото дизелче на Мазда е повеќе бензинче отколку дизелче....Врти до 6000RPM и максималната снага ја постигнува на 5000 и нешто ситно вртежи. И звук вади кој личи повеќе на бензинче отколку на дизелче. И компресија има идентична колку и нивното ново бенизнче 14:1, т.е. има најмала компресија за дизел мотор произведен на планетата Земја до сега. И за снагата и литражата која ја носи има најголема икономика од сите дизел мотори до сега. Ем брзо, ем моќно, ем голем опсег на вртежи за возење, ем бензински звук, ем можеш да го турираш, ем економично.