Мислам дека една бита работа, која нема врска со Астрата (кој btw изгледа добро само лош мотори има
) е се‘ поголемата застапеност на малолитражните тб кои нудат доста голем потенцијал. Некаде исчитав ама не можам да го најдам линкот па да не ми рипнат сите овде ќе парафразирам една изјава на еден некој што не го знам, а тоа е дека од најголемите мотивации за проемна на регилативата во WTCC во поглед на моторите е дека токму овој тип на мотори (1.6 тб) е виден како концепт со најдобра перспектива во туринг сегментот на возила.
И верувам дека секој што ќе седне во во кола со таков мотор (на пример Астра или Инсигнија со 1.6 тб) лесно ќе заклучи дека тој тип на мотор му дава сосема ново доживување на возењето, во споредба со старите бензинци или со сегашните дизели кој воглавно во не многу изменета форма се присутни десетина+ години.
Се додека заспаните инжинери не ги употребија дизелашките технологии, бензинските мотори немааа големи значителни напредни концепти вовевдени во овој сегмент на возила и беа резервирани ексклузивно за оние то се спремни да платат екстра кеш за такво задоволство.
Сега тоа задоволство (субејктивно) ви е достапно за цена помала од она на дизелашите, а перформансите брзо се стремат нагоре и за разлика од тоа што дизелчињата ги цедат последните капки од своите кубици истиснувајки 10 - 15% за нова генерација мотор во апроксимативен развој, ТБ покажуваат резултати кои се мерат со квантен скок. Слично како тоа што го направија дизелашите со тб и директно вбрзигување, само што ми се чини овде лимитите се малце подалеку од оние на сегашните дизелчиња.
Секако најдобра особина, спорд мене, што индустријата на развој на дизел автомобилите ги размрда заспаните инжинери и оние бизнис одлучувачи (или пак ги избркале оти нема каде векје да се доразвијат
) тие тргнаа да ги употребуваат сите тие убави технологии на директно вбризгување на гориво, турбо поланчи, варијабилни системи за динамичко менување на механичките параметр ина моторот...итн (не ги нзма сите итна) и сега се тука подостапни од било кога.
И баш би сакал една Хонда Type-R да извозам барем 2 -3 саати оти оние моторите во Accord од 155 КС личат како мали деца за оние 1.6 тб-а.