Како што кажа брамовск, дава доволно информации за подлогата, се чувствувам доста самоуверено и сигурно зад воланот, а не е ни претерано тврда на кратки и попречни нерамнини. Би рекол доста рафинирано. Тоа за мене е добра суспензија и кај сегашнава кола што ја возам мислам дека е направен одличен компромис по тоа прашање. А инаку, татко ми вози Рено Лагуна и често ја возам и нејзе и се случува токму истото. Некогаш по кривини(најчесто Ск-Ве) кој со Аудито и со Ибицата(6Ј) ги возам сосем нормално, релаксирано и без никаков напор ниту брзање Лагуната се мачи и се осеќам несигурно, цела кола ја нема таа стамина.