Спејс шатл е и Мултиплата за Самарчето

Ама убај спомени се има со ламарината руска. Во кафичине се нема толку народ претерано да пија колку во ламарината. Зиме, лете, врнело, грмело...ламаринчето паркирано покрај парк и ќефој... Ми текнува зимно време, покрај кола, на завет, плинско клаено и ракија се топли...еееееееее времиња...
Ама последнио период, пред германецо, почна многу да ме заебава, на пат да ме остава...карбураторот...нов се ставе, пак исто...
Нон стоп ме шлепаше некој...
Другар ми ме дупеше:
- Кажи ко ќе излегваш, да бидам на приправност...ти само сајла носи си...
Некои шо ме гледаа нон стоп дека ме шлепаат велеа:
- Зато овај никаквио никош на бензиска не сме го виделе да турва гориво, ете шо била работата, како возел...
