- Тоа дека дизелите смрделе, тоа можда пред 10 години.
- Дека вибрираат, вибрираат, ама кај модерните дизели е скоро невозможно (скоро) да се напраи разлика.
- Интервалот на сервисирање зависи од земја до земја. Конкретно кај VW, во некои земји е 15.000 км, кај нас е 10.000. Валидна поента.
- Тежинската разлика меѓу бензинските и дизелските возила станува занемарлива. Нека е 30-40 кила.
- Проблемот со DPF е валиден.
- Дали се одвратни за возење - тоа е субјективно мислење. Мене ми се супер за возење. Мене ми се свиѓа обртниот момент на ниски вртежи.
Пак ќе го спомнам коментарот на Велештрумф за мојот Голф кога го купив - влезе во кола, го запали и даде гас, и прашањето негово беше „Абе, му кажал некој дека е дизел?“.
Другото е ствар на дискусија. Во секој случај, валидни поенти и лично изградено мислење - одличен почеток за дискусија.
-Издувот подеднакво смрди

-Вибрациите и звукот се влошува со ослабувањето на држачитеи слични компоненти кои побрзо пропаѓаат. Камо да можам споредба да ви направам на Meganot 1.5 dCi што ми е пред врата. Нов зуеше, сега знам 2 мин пред да дојде жена ми дома кога ќе сврти на кривина. Го чекам голфот на тетин ми за 5г да го видам.
-Проблемот со горивото кај нас па е особено непријатна тема(во контекст на разликите во регионалните мапи за одржување). Во времето кога ја земав Лагуната мк2 2.2 dCi, чував тефтер со сите фискални сметки и сметкопотврди во случај да треба да отворам судски процес (pain in the ass со елементи на ментално застранување) по препорака на паталци. Имам и случаи со бензини што завршиле на испирање резервоари ама само до таму стигнале. Немам слушнато некој компелтен сет PumpeDize за бензинци да смени од гориво, за разлика од они шето имаат PumpeDize.
-40 кг насред кола не се никаков проблем. Над осовина се. 160 KS од 1.4 TSI не се исто тешки колку оние 140КС од 2.0 TDI. (Препорака - пробајете BMW 318i иако не многу моќно, со распоред на тежина 49:51 како се радува кога давате гас на излез од кривина и корегирате волан)
-Обртниот момент на ниски вртежи нималку не зафалува кај бензинците. Јас споредбата ја правев на Мерцедес моторите но верувам дека и другите имат сличен концепт (слободна интепретација по осет на возените коли)
http://www.mercedes-benz.de/content/germany/mpc/mpc_germany_website/de/home_mpc/passengercars/home/new_cars/models/b-class/w246/facts_/technicaldata/models.html според бројкиве (график не најдов одма) максималниот обртен момент бензинов го добива на 1250 (150 порано од дизелот) а завршува на 4000 или 1200 покасно од дизелот. Цената на дизелот е барем 2к ЕВРА повеќе.
Секако реков ако бирам кола за ужување во возење не се мислам. Ако барам економска исплатливост тешко дека дизелот предначи. Освен својството дека има помало загадување во просек и нема толку останати хемии покрај CO2, само честиците се мака, друго тешко би му нашол предност.
За плинот имам посебна почит! Секоја влада битребало да ги мотивира ваквите возила во урбани средини, наместо да им додава „еколошки такси“ за плаќање.