- Тоа дека дизелите смрделе, тоа можда пред 10 години.
- Дека вибрираат, вибрираат, ама кај модерните дизели е скоро невозможно (скоро) да се напраи разлика.
- Интервалот на сервисирање зависи од земја до земја. Конкретно кај VW, во некои земји е 15.000 км, кај нас е 10.000. Валидна поента.
- Тежинската разлика меѓу бензинските и дизелските возила станува занемарлива. Нека е 30-40 кила.
- Проблемот со DPF е валиден.
- Дали се одвратни за возење - тоа е субјективно мислење. Мене ми се супер за возење. Мене ми се свиѓа обртниот момент на ниски вртежи.
Пак ќе го спомнам коментарот на Велештрумф за мојот Голф кога го купив - влезе во кола, го запали и даде гас, и прашањето негово беше „Абе, му кажал некој дека е дизел?“.
Другото е ствар на дискусија. Во секој случај, валидни поенти и лично изградено мислење - одличен почеток за дискусија.