Да, за Англија се работи, ама не е далку есапот и во македонија.
знаеш дека во англија дизелот е поскап од бензинот, така?
Знам, а ти знаеш зошто е тоа така?
Еве го последниот извештај од РКЕ:
Највисоки производни цени:
- ЕУРОСУПЕР БС - 95 до 44,477
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) до 44,422
Највисоки продажни цени:
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,50 ден/лит
Знаеш од каде потекнува разликата од 12,5 денари по литар во корист на дизелот? И есапиш дека вака ќе биде засекогаш? Јас не би се надевал на тоа.
Да, признавам дека цената на дизел горивото во Севозможнија е пониска, и тоа води кон економска предност на дизелите во моментов, но другите фактори, како што е почестите воглавно поскапи сервиси на кои те тера производителот поради (наводно) лошото гориво, и лоши услови на возење, до некаде „компензираат“ за поефтиното гориво.
Секако, цената на дизел горивото во македонија не ги доведува во предност дизел моторите на глобално ниво, а тука сме тоа да го разрешиме. Кој мотор е подобар, и за во Англија и за во Франција и за во Албанија.