Интересна е дискусијава, несомнено, но би сакал да разграничиме некои работи.
Прво, кога поборниците за бензин ги бранат своите ставови, најчесто ги ставаат во еден кош и атмосферските и турбо бензинци, за да можат да ги извадат позитивните работи и од двата типа.
Еве, на пример, кога дискусијата е за почетна цена на чинење на едно возило, викате дека бензинец е поефтин од дизелаш. Да, но дали тоа важи за турбо бензинец, дали е поефтин во старт? Ако е, колку е разликата во однос на дизелот? За атмосферец знаеме дека е поефтин, тоа е нормално.
Второ, дизелите загадуваат - значи тука пак ги споредувате со атмосферци, затоа што ако споредите ЦО2 современ турбо бензинец и турбо дизелаш, бројките се на страна на дизелот, значи има помало загадување.
Е кога станува збор за снага, веднаш на маса е турбото кај бензинец.
Како возач на турбо дизел, ќе кажам некои ајде да речеме негативности, да не речете сум пристрасен

- треба повеќе време да загрее моторот
- турбо дупка од ~1300 до ~1600 рпм
- каснење во одзив на гаста има, меѓутоа тоа е минимално
- 1ва и 2ра брзина некако ми се кратки, ама може и до моја навика е да не ја цедам кога тргам.
Не ми текнува сега друго нешто, или пак се друго ми е позитивно

За турбобензинец, не сум возел нешто многу и не можам да кажам лични импресии.