@Anton: Изгледај го од почеток до крај видеото на Chris Harris па да праиме пак муабет. Сите ние заедно можеме да му се фатиме него за искуството, знаењето, талентот и меракот што го има за коли.
Boxster или 911 не би земал дизел, фала богу Дени, ама тие не се ни нудат. Панамера е Sports Saloon. Таков би земал дизел без да размишљам.
е сеа, според мене тука имаш ти грешка во сваќањата, (повторно според мене) бидејќи кога ја развивале Panamera-та (според мене

) размислувањата на фабриката биле:
Има луѓе во години кои го обожаваат брендот Porsche, спортското возење, изгледот, традицијата но имаат еден голем проблем, а тоа е фамилијата. Како би можеле ние како фабрика да им овозможиме да возат Porsche кое ќе им го задржи уживањето и задоволството при возењето но сепак да има место за повеќе од двајца.
ајде да ја развиеме 911 со повеќе простор. и нема да ја крстиме Porsche 911+2 туку ќе и стаиме фенси име Panamera.
значи нема зашто да ја разликуваш Panamera од 911.
Panamera не е развиена за да има Porsche модел конкурент на bmw или mercedes, туку Panamera e развиена за да им овозможат на своите купувачи истото уживање како 911 само со плус 2 седишта.
така да нема везе кое Porsche e во НИЕДНО не смее да се стави дизел (повторно според мене

)
a одкако го изгледав видеото претходно поставено, забележав интересен детал. НИКАДЕ во целото 13 минутно видео не го слушнав моторот, (секако да сум до него би го слушнал тропкањето) но не го слушнав како р'же не се држе. а тоа не смее да се случи во Porsche, Ferrari, Lambo, Pagani итн итн.
http://www.youtube.com/watch?v=moMwr83gtFMеве видео од Panamera Turbo (свесен сум за огромната разлика во суштина) и слушнете го моторот при сите дрифтања, забрзувања....
и последно што би сакал да кажам на оваа тема, е идејата која ја начна да речеме крис, тоа е што е доволно брзо за да биде road car. ако се водиме по таа логика, што има било која кола што иде побрзо од 140 да се произведува? за еден автопат од 4км? која е поентата на сите тие коли.