Лоша особина е ако со таков мотор кој оди во милион вртежи сакаш да тегнеш 40 тона челични котури од железара. Ако таков мотор го ставиш во лесно спортско ауто - не е лоша особина. Како тоа не се најде некое згодно мало брзо дизелче во МотоГП или Супербајк машините?
Гледај вака на работите: Билдер вс спринтер.
Спринтерот побрзо стига до целта на 100 метри. Но ако на спринтерот му ставиш 50кг ранце на грб, неговите перформанси ќе паднат драстично.
Ако на билдерот му ставиш 50кг на грб, веројатно неговото време на сто метри нема да се промени многу, но времето не е за светски рекорд и онака.