И да за крај, штом има толку субјективни мислења, па еве и ја ке повторам, би одбрал дизел, па макар бил и голф 1 со 1.6д мотор
Јас баш заради заради звукот на голф 1 со 1.6д ги замразив сите дизели. Сеуште ми е ноќна мора од детство заради еден комшија кој секое утро го грееше по половина саат во место - го слушав и пцуев на секој такт на палење.
Сепак би дал и јас мал придонес на моментално најразгорената тема на форумов.
Лично преферирам бензин, но немам ништо против добар дизел од последните генерации. Ме воодушеви култивираноста во работата 2.0д на BMW и ми ги раскрши некои од стереотипите за дизелите. Сепак мојата годишна километража не оправдува набавка на дизел возило за да толку ми биде пресудно. Моментално сум среќен со бензин, па ако разликата во цена при набавка и одржување ми се покрие низ експлоатација исто среќен би бил и со дизел.
Одамна помина времето на „црвената“ нафта, па денес 100-150 ден разлика на 100км некако и не ми баш убедливо наспроти кешот при набавката. Напротив, многу повеќе се губи во пад на вредноста на возилото и од дуплирање на вредноста на горивата последниве години и приближување на цената на дизелот со бензинот, ама овде тоа никој не го спомнува.
Мене па напротив баш ми е интересен звукот на постарите дизели кога работат во место, т.н такатакатакактакак звук
За тоа дека не ти било убедливо разликата од 100 до 150 ден на 100 км, епа ај да те прашам, до Љубљана имаш 2000 км во двата правци. Ете да речеме разликата е 100 ден, ти до љубљана и назад би заштедил 2000 денари (ете ти ги патарините да си ги платиш).
Второ, ако тоа постојано го правиш, пресметај на годишно ниво колку би фрлил пари непотребно само заради твојата логика ''не звучело убедливо разликата од 100 денари на 100 км'', мислам ти се молам, убаво си има пословица, зрно по зрно погача, така и ова, 100 по 100, оп на годишно ниво си загубил одмор. Мислам ме разбра со сакам да ти кажам