Пак ќе пишам. и сигурен сум дека ќе се сложиш:
1. Бензинецот е полесен
ок... сигурен си? Ако си сигурен ок. Пази за турбобензин збориме.
2. Бензинецот е поевтин
турбобензинецот е поевтин од турбодизелот... за иста снага? ако „да, за иста снага“ тогаш, ок, се согласувам. Ама за иста сила не се согласувам. Напротив. Бензинец со 300 Nm ќе биде поскап од дизелаш со 300 Nm. Но, ок, да не тупиме, ќе ја уважам твојата втора точка како условно точна.
3. Бензинецот има распоред на силата преку поширок распон на вртежи
Е, за ова сакав прееска да поразговараме, ама у гужва бев.
Замисли два мотори, едниот „А“ со употреблив момент од 1000 до 4000 вртежи и другиот „Б“ со употреблив момент од 2000 до 5000 вртежи. Кој од овие два е „поширок“?
1. Поширок опсег има моторот „А“
2. Поширок опсег има моторот „Б“
3. Моторите „А“ и „Б“ се подеднакво широки (бидејќи разликата меѓу најниските и највисоките корисни вртежи е во двата случаи 3000)
Кој е точниот од овие 3 можни одговори?