Тоа сакам и мене ме интересира сеа, ако сакам нова кола да купам што да биде?
Мене ми иде дека за неколку години ќе го изедначат дизелот и бензинот како што е секаде низ европа..
Ова најубаво сам ќе си го одговориш. Се зависи од тоа колку и како возиш.
Ако возиш низ град, помалце од 15км при едно возење - бензин
Ако возиш секој ден на дистанци поголеми од 15км со 1 возење - дизел
На модерните турбо бензинци им требаат 5-7км извозени да ја постигнат оптималната температура при која се најекономични и најмалку се оштетуваат/трошат.
На модерните турбо дизели им требаат 10-15км, но покрај ова има уште еден проблем т.е. ако возиш цело време кратки стази со мала брзина и тргни застани многу побрзо се затиња катализатор и dpf и двата дела се многу скапи за замена, да постои репарација но по кратко време пак се затнуваат.
Ако планираш плин да вградуваш тогаш тоа е најевтино во поглед на цена на гориво. АМА и плинот се расипува и треба редовно да се одржава...плус дур да загрее троши бензин, ама на долги стази сепак е најефтина варијанта.