Гласање

Choose your destiny!

Бензин
241 (58.5%)
Дизел
171 (41.5%)

Вкупно гласови: 412

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 2543971 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19455 на: 31 Јануари 2018, 11:51:25 am »
И Б и Д се рекликвии од варварското технолошко минато кои треба час поскоро да си заминат во историјата.

Некои идни генерации ќе не сметаат за прости дивјаци кои, пази молим те, гореле нафта за да патуваат од А до Б.
Немаме со што попаметно да ги замениме. Складирањето на енергија е сеуште прескапо за толку големи количини на енергија.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7123
  • Бенве сие бенве
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19456 на: 31 Јануари 2018, 11:54:30 am »
Понекогаш кога не е неопходно да се оди со кола, заменете ги со точак.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19457 на: 31 Јануари 2018, 12:26:14 pm »
И Б и Д се рекликвии од варварското технолошко минато кои треба час поскоро да си заминат во историјата.

Некои идни генерации ќе не сметаат за прости дивјаци кои, пази молим те, гореле нафта за да патуваат од А до Б.
Немаме со што попаметно да ги замениме. Складирањето на енергија е сеуште прескапо за толку големи количини на енергија.
niti pak imame tehnicki mogucnosti....

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19458 на: 14 Февруари 2018, 11:39:17 am »
Некаде во половината на 2016 се случило изедначувањето, баш кога купив бензинец  ::)



https://www.economist.com/blogs/graphicdetail/2018/02/daily-chart-7

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19459 на: 14 Февруари 2018, 13:10:07 pm »
ова е одличен показател за тоа во која насока ќе продолжи да се движи пазарот на половњаци во МКД

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19460 на: 15 Февруари 2018, 07:18:08 am »
Уште 10 години дизел

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19461 на: 15 Февруари 2018, 12:18:31 pm »
Тоа сакам и мене ме интересира сеа, ако сакам нова кола да купам што да биде?

Мене ми иде дека за неколку години ќе го изедначат дизелот и бензинот како што е секаде низ европа..

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4776
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19462 на: 15 Февруари 2018, 12:46:52 pm »
Тоа сакам и мене ме интересира сеа, ако сакам нова кола да купам што да биде?

Мене ми иде дека за неколку години ќе го изедначат дизелот и бензинот како што е секаде низ европа..
Ова најубаво сам ќе си го одговориш. Се зависи од тоа колку и како возиш.

Ако возиш низ град, помалце од 15км при едно возење - бензин
Ако возиш секој ден на дистанци поголеми од 15км со 1 возење - дизел

На модерните турбо бензинци им требаат 5-7км извозени да ја постигнат оптималната температура при која се најекономични и најмалку се оштетуваат/трошат.
На модерните турбо дизели им требаат 10-15км, но покрај ова има уште еден проблем т.е. ако возиш цело време кратки стази со мала брзина и тргни застани многу побрзо се затиња катализатор и dpf и двата дела се многу скапи за замена, да постои репарација но по кратко време пак се затнуваат.

Ако планираш плин да вградуваш тогаш тоа е најевтино во поглед на цена на гориво. АМА и плинот се расипува и треба редовно да се одржава...плус дур да загрее троши бензин, ама на долги стази сепак е најефтина варијанта.


Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19463 на: 15 Февруари 2018, 12:50:09 pm »
Не би се сложил дека на модерните дизели им требаат 10-15 км. 2-3 преку сила 4 км...

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19464 на: 15 Февруари 2018, 12:54:41 pm »
на 4 километри ни на лето не ми загрева, на зима да не правиме муабет

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19465 на: 15 Февруари 2018, 12:59:37 pm »
Јас сеа сум на бензин-плин.

Дневно у просек правам по 30 километри, 4-5 пати може и дупло зависи.

Месечно  ми се фаќаат негде 900-1000км.

Муабетот ми е следен, сеа на пат ако сакам да идам, како што бев сеа за европсково у Загреб и Вараждин. Ако бев со мојата кола требаше на секој 300 километри да ставам плин. У правец по 3 пати требаше само да застанувам за плин. И тоа каде има каде нема.

А бевме со на братучед октавиа 1.6 2013г, еден резервоар пуниш 3000ки и стигаш 900км си возиш и пред граница си ставаш пак за назад. Чиста работа не се замараш.

Или друг пример за одмор речеме лефкада исто...

Плинот е ефтин да ама за низ Скопје локал да тераш... за на пат тешко...

А и незнам сеа нова кола да земеш бензин и одма плин да и стаивиш... Па дали ќе одговара на моторот, па  капалки па чуда...

Пак коа ќе видиш дизелот вака така испаѓа најбалансирано некако...




Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15124
  • Пудингот на шоферството
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19466 на: 15 Февруари 2018, 12:59:58 pm »
Да не возиш локомотива?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4776
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19467 на: 15 Февруари 2018, 13:01:21 pm »
Не би се сложил дека на модерните дизели им требаат 10-15 км. 2-3 преку сила 4 км...
Температурата на разладната течност да, ама температурата на уље не (а тоа е битниот дел), си треба 10-15км вожња и тоа со над 60km/h, зборувам за овој период од годината кога температурите се под 5с*. Значи парното ќе ти дува топло ама тоа не значи дека моторот е загреан до идеална работна температура.

Отвори упатството за колата и види ја процедурата за проверка на уље.


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19468 на: 15 Февруари 2018, 14:23:12 pm »
Тоа сакам и мене ме интересира сеа, ако сакам нова кола да купам што да биде?

Мене ми иде дека за неколку години ќе го изедначат дизелот и бензинот како што е секаде низ европа..

И јас се мислев истото. На крај падна одлука за 1,4 TSi наместо 1.6 TDi. Далеку подобар избор.

Не би се сложил дека на модерните дизели им требаат 10-15 км. 2-3 преку сила 4 км...

Мислиш 20-30 преку сила 40км? :)
Јас возам од Тафталиџе до Џевахир и качувам едвај 72-73 степени, ако поштам греење внатре на 30% и тоа низ градски гужви. За да дигнам 80 степени треба до Драчево да возам. Со Спаркот пуштам греење кога ќе дојдам до Педагошки факултет, со Голфот 1.4TSi одма после 1км.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19469 на: 15 Февруари 2018, 14:24:25 pm »
Чекај, сакаш да кажеш дека не го ставаш кај голфот на ауто самото да си регулира туку чекаш 1км?