какви не глупости се кажаа во темава...
Нели?
Така е тоа кога зборуваат емоциите наместо разумот, ништо чудно.
Штом vtec-от е срање и сељачење
Кој го рекол тоа? Јас не. Реков дека својството на дивјачко потегнување на многу високи вртежи, освен за сељачење, низ град нема некоја друга употребна вредност. Или мене не ми текнува, па ако е така - кажете: што корист од
тоа својство на инаку извонредниот мотор кој го респектирам максимално и со задоволство би го поседувал?
Тоа ти е ко некој убав пиштол. Пиштолот сам по себе не е селски. Ниту секој што го поседува е сељак. Но, неговото покажување или пу пу употреба во цивилниот, нормален свет... е сељачење.
Значи, уште еднаш, ниту реков дека втец е селски, ниту дека тие што го возат се сељаци. Реков дека
тегнење на втец на 7000+ рпм во јавен сообраќај е сељачење. Се надевам дека оваа дистинкција ја изложив доволно јасно за да нема повеќе вакви недоразбирања!