Која е поентата да се споредуваат мотори од различни класи на моќност? Дали е аргумент ако некој каже „мака мачам со 1.4 бензинец да одржам брзина, додека со 3.0 тди воопшто не беше проблем“?
Различна класа на моќност? Еве, 155 коњскиот Алфин мотор исклучи го од игра.
Имаш два дизели со значително повисок торк од бензинци кои учествуваат со максимална моќ на моторот од 90 коњи и пик торк од
113 њутн метри. Од Реното не можам да барам информации, со друго сум преокупиран, но и тоа имаше 90 коњи.
Дизелите се со по 68 коњи и торк за
најмалку 50% поголем од горенаведените бензинци.
Како тоа јас, лично субјективно, имам потешкотии со едните, а не со другите, и тоа изразито заради оној „перфектен“ осет на педалта за гас кај дизел возилата.