Екипо како за прво среќна стара нова година,гледам ме немало некој саат и се напукало 10000 постови.
Овој муабет нема крај,ке се убедуваме овој не овој па овој.И двата мотори имаат предности и недостатоци,да зборуваме општо за секојдневно користење,од место А до место Б и двата мотори ке те однесат нормално но кој со каков комодитет,со какви недостатоци и придобивки да баталиме кубикажи и слично.
Според мене струката ми е да размислам малку подробно,од страна на ефикасност на моторот и искуристување на прво место е дизелот,од страна на цена е бензинот кај некои модели повеќе кај некои помалку.Од страна на потрошувачката нема муабет дизелот (поради калоричноста на горивото).Од страна на меракот,некој има мерак да слуша ржење,некој торг,некој нешто друго и тн.И да изваде бензинот вртеен момент на ниски вртежи ке лапа повеќе гориво,значи на цена на горивото,значи колку добил плус толку и изгубил,секоја придобивка е и минус од друга страна.Мотор како мотор и готиво како гориво секогаш ама секогаш предност плус ке има оној кој има поголема ефикасност.Сега некој ке рече во формула 1 има само бензинци,па за тој начин на употреба бензинецот е супериорен,во ле манш во такви услови пак дизелот,во транспортот е дизелот значи секој мотор каде што има поголеми предиспозиции,но бензинот просперира во автомобилската и авио индустријата,дизелот во автомобилската,бротската,камионската,шинската,земјоделската и каде уште не.Зошто?Поголема ефикасност народе,ако не знаеш што е подобро и поефикасно види што е повеќе користено и во повеќе области применето.
Ај сеа малку су мамурен,гледам дупло,поздрав на сите...