Тековните возила користат 2,4-литарски, V8 мотори кои може да достигнат 18.000 вртежи во минута и имаат две издувни цевки, но за следната година во F1 натпреварувањето се предвидени 1,6-литарски турбо V6 мотори кои се ограничени на 15.000 вртежи во минута и имаат само еден издувен уред. Еклстоун и промоторите на трките сметаат дека новите мотори звучат
како машини за косење на трева и дека нивниот звук ќе биде иритирачки за луѓето, поради што тие се’ помалку ќе ги посетуваат трките. Единственото решение на ваквиот проблем челниците на F1 го гледаат во „вештачко модифицирање на звукот од V6 моторите“.
Меѓутоа, ниту производителите ниту раководното тело на F1 - FIA, не сметаат дека звукот на новите мотори ќе биде проблем. Еклстоун стравува дека доколку производителите не му пристапат сериозно на ова прашање, истото подоцна ќе прерасне во главната причина поради која тие едноставно ќе го напуштат спортот, но главните производители на болиди и мотори за следната сезона, Renault, Mercedes-Benz и Ferrari не се воопшто уверени дека новиот звук на моторите ќе има негативни последици од толку големи размери. Искрено речено, ова прашање е секогаш актуелно пред промена на моторите - истото се случуваше и во фазата на транзиција од V10 на V8 мотори. Од друга страна, фановите најверојатно се многу позаинтересирани за стандардизација на спортот отколку за звукот на моторите.
http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=3711