Не мислев никого да навредам или слично, само сите знаеме зошто преферираме дизел, ама некои членови сакаат да ја заобиколат причината и да се најде некоја алтернативна добра причина
Зошто го штеди џебот и зошто поминувам по 20,000км годишно и не се мислам дали ќе идам со на „брат ми“ или „другар ми“ колата на одмор пошто неговата не троши ?
Само неинформиран човек ќе каже дека модерните дизели не палат во зима.
Секој чест на оние кои возат 150КС + бензинци низ Скопје, колку се, се бројат на прсти. Другите пола плата ја даваат на гориво и се мислат да купат дизел.
Имај некоја плата надпросечна плата во МК, да си фамилијарен човек и да возиш дневно по 70км низ град, да носиш жена на работа, деца на школо и родители по роднини и лекари па тогаш може да се продава памет.
Да бидеме вака најискрени, се што штеди џеб е супер!
А и да, секоја кола на старо е заеб. И бензин и дизел.