Е добро де, си го сакам брендот.

Плус, ме нервираат вакви тотално извртени наслови.
„ОДЛУКАТА ПАДНА: Volkswagen засекогаш се збогува со дизел агрегатите“
По насловов, човек ќе помисли дека VW скроз ќе престане да произведува дизели. Хауевер, во реалноста (а и во сторијата понатаму) VW само ќе престане да продава дизели во Америка.
Исто како сторијата за тоа дека „Volkswagen ќе отпушта 30.000 вработени“ - тоа беше толку помпезно пренесено во огромен број „медиуми“ и нафрлено као демек УТРЕ VW ќе избрка 30.000 луѓе од работа (а и тоа е само 5% од вкупната бројка вработени), а уствари Volkswagen направи договор со вработените - процесот ќе трае до 2020-та година (и нема да има други присилни отпуштања до 2025-та), и нема луѓето да бидат избркани, туку преку порано пензионирање (сосе сите бенефити и отпремнини што доаѓаат со тоа, не дека луѓето ќе останат на улица, напротив ќе земат фина сума пари) и нивните работни места нема да бидат пополнети кога ќе одат во пензија.
Плус, Volkswagen најави дека ќе вработат уште 10.000 луѓе во R&D, софтверски инженеринг и сродните полиња, директно за развој на електрични возила.
Заради такви работи реагирам.