ДМФ имаат и бензинците. Држач на мотор? Мора да се шегуваш
Имам сменето само еднаш на еден антички бензинец. DPF е срање, но не го рачунам за потрошен, туку како и дмф, еднаш во животниот век на колата. Ќе си добиете и вие за некоја година 
Ти имаш сменето еднаш, ја ни еднаш. Ама ја и ти не сме референци. Исто и за ДМФ. Прочитај само на форумов колку дизелџии смениле ДМФ, а колку бензинџии. Имаат и бензиците, ама не ги дрмаат дмф-ите така како тракторите. Дааалеку потрајни се кај бензинците. ДМФ-от кај дизелите треба да одработи 3 пати повеќе за анулирање на вибрациите кон мењачот отколку кај бензиците. Си го знаеш ова, може да се инаетиш, слободно. ДПФ ќе го фрлиш, ама и тоа коштало пари, без пари ни да го фрлиш не можеш

Да не зборуваме за други технички компромиси што ги има дизелот за да биде поднослива неговата вожња (гумирани срцевини на шајвните за надворешни уреди, кои редовно си рикнуваат, дали на алтернатор, дали на радилица, хидраулични затегачи на ребрасти ремени, контраротирачки балансери за анулирање на резонантите, и ред други работи...).