Мене уште не ми е јасно зашто Веле се објаснува.
Ахтунг, ти некако многу дрзок бе, башка гледам доста искуство имаш со лансериве, таксист да не си?
Ваљда ради тоа што во првиот пост во кој кажа дека држел лекции на дизел возила кои по спецификации се знатно помоќни од Лансерот, заборави да каже дека причината заради која држел лекции е неумешноста на сите 4-ца шофери да возат по кривините на Стража...
Од тука и излезе целата збрка, иако друго нешто(средната потрошувачка) било поентата на постот...
Затоа се вика „држење лекции“, пошто ако знаеле да возат, немало да има потреба од предавања. Не можам (и рака на срце апсурдно е да помисли човек) да држам лекции на кола, туку на тој што ја вози, и не знае да ја искористи како што треба. Не беше поентата средната потрошувачка. Таа испадна бонус у целата ситуација.
Успут, сум држел лекции и на фраер со Ауди А4 (1.9 ТДИ од постарите генерации, негде ’97мо годиште), по патот накај Велес. Јас бев со Мерцедес Спринтер комбе. Кога го пројдов по кривините, го видов типот у ретровизор како лупа у волан. Колата е крива? Не.
Не сум дрзок а ако мислите така еве јавно се извинувам, бтв не сум таксист ниту пак тркач имам 2 ца пријатели што купија лансери и погоди што од тој ден они ги имаат најјаките, најбрзите и најубавите коли на планетава... Во постот твој ти наведе дека на стража мачкаш на леб ххх возила а не тие што ги возат тие возила затоа и дадов таква реплика за мерцедесот поздрав
1. Можда ти не си, ама настапот ти беше таков. Иначе да, и јас сум приметил такви појави. Се погодило во ситуацијата да се Лансери, иначе има многу такви примери.
2. Не мачкам на леб, држам лекции (види погоре што тоа значи).