Здраво на сите.
Ова ми е прв пост на форумов па се надевам дека сум на вистинското место (тема).
Претпоставувам дека сите кои некогаш имале Mercedes w124 наишле на проблемот со рачната кочница, поточно со нејзиното слабеење, а по одредено време дури и целосно губење на ефектот на кочницата. Мерцедесот е 1990 та година, а јас го имам веќе 6 години и секоја година пред регистрација задолжително ја носам на мајстор за да ја поправи рачната кочница ( да кочи како што треба ) доволно колку да помине технички, поради тоа што обично "трае" од 5 до 10 дена од денот на поправката. Потоа пак си се враќа во "нормалната" расипана состојба. Можби е до самиот систем на кочницата а можеби и не, но никогаш не најдов мајстор што ќе ја поправи кочницата на некој подолг период од 10 дена. Па затоа би побарал предлог од некој од вас, доколку го имал истиов проблем, за некој сервис или мајстор, и по можност да не е овластен поради тоа што знаеме какви се цените таму.