Автор Тема: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси  (Прочитано 488787 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #885 на: 14 Март 2016, 23:36:48 pm »
Пред извесен период имав неубаво искуство со Порше сервисот, па да споделам додека не ми изветреало.

Кога ја сменив бравата на гепекот, на големи нерамнини, длапки, знаеше да скрца вратата од гепекот. Не беше ништо спектакуларно и за воља на вистината се слушаше само во тишина, без радио пуштено, ама на цепидлака ко мене му сметаше.
При вршење на претходниот редовен сервис, им ја спомнав маката на Порше и ме известија дека не е ништо страшно, дека се штелува за 5 минути и ќе ја средат во тек на сервисот.

После сервисот, повторно се јави крцањето, како ништо да не е направено (ме известија дека е средено), но немав време да се враќам и рекламирам, бев врзан со обврски.

После извесен период на поминување застанав до сервис и им кажав за проблемот (не беше стандард дечкото на прием туку некој друг, првпат го гледам):

- Дечко, знаеш, има многу гужва не знам како да ускладиме.
- Ја правевте, 5 минути работа е, да не закажувам термини, да излагам од работа за таква банална работа, ако може средете сега, ако е потребно ќе си платам за одработените минути.
- АЈ нема проблем, почекај да се ослободи сервисер.
- ОК, колку од прилика да почекам?
- Па еве овој Шкодата... Ибицата... за пола саат.

Чекам пола саат, 40 минути, 50 минути, викам ај да не бидам нападен треба да ми учинат. После 1 саат:

- Се извинувам, требаше за бравава да види некој сервисер, да се штелне..
- (со повишен тон) ДЕЧКО! ТИ кажав во гужва сме!. Почекај, кога ќе се ослободи некој ќе ја види колата!

Во тој момент јас раскрстив со Порше Македонија. Секогаш до овој момент имале коректен однос, али односот на типов беше дно.

Проблемот беше, што немав соодветен клуч, инаку сам ќе си ја средев бравата. Долниот дел, фиксниот дел, има ѕвездасти штрафови, торкс провртува и треба баш таков клуч со повеќе запци.
Работата ја средив со другар кој има таков клуч. За 20 секунди. Само ја подесивме, свртивме кругче околу Карев по лежечките, застанавме, уште 5 секунди фино подесување и толку беше. Нит да крцне, нит да мрдне.

За 25 секунди работа, Порше изгубија редовен клиент. Не дека ќе ги заболе нешто посебно за моите 6-7000 годишно, али лојалноста тешко се стекнува, а многу лесно се губи.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #886 на: 14 Март 2016, 23:38:57 pm »
Слика од дечкото многу би помогнала.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #887 на: 14 Март 2016, 23:41:42 pm »
Џабе слика од дечкото кога цела фирма се кретени.
Прв пат раскирстив кога ме дупеа два месеца не можеа едно Поло да ми испорачаат а беше капарисано.
Втор пат кога возилото кое тие го сервисираа ме оставаше 3 пати на автопат секој пат од исти дефект.

Марш у пизду материну и порше и дечко и девојка и мајка и маќеа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #888 на: 15 Март 2016, 10:19:27 am »
Не е џабе. Треба да си знае менаџментот такви дешавки, поготово во толкава фирма.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #889 на: 15 Март 2016, 10:25:27 am »
секако дека треба,  треба да побараш и со претпоставениот негов кој и да е да разговараш.

Ако и тој е истиот тогаш тешко нив. Шупаци има сегде.

Како и да е Порше има премногу возила продадено и премногу влегуваат кај нив секој ден така што поради неможност да ги опслужат сите си губат клиенти. На толку продадени возила треба да отоврат објект 2 пати поголем од сите кои ги имаат сега заедно за да обезбедеат квалитетна услуга.

Во спротивно за најобична работа треба да чекаш и чекаш па уѓте некој шутрак ке се однесува ко неандерталец за твои пари

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6439
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #890 на: 16 Март 2016, 07:26:12 am »
Кој не го мрзи можи да го пополни овој Прашалникот од порше па можи ќе се смени нешто.

https://docs.google.com/forms/d/1GJNsrEgLayU28RswIsnwDTbQVcb9TEv5V94F2g8Ifmo/viewform?c=0&w=1

Инаку штета што неможиш ривју на фб да му оставиш со 1 ѕвезда, и така уште неколку души па да се види колку порше чинат/нечинат.

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 778
  • .
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #891 на: 30 Март 2016, 12:00:16 pm »
Ете ја фактурата поназад.
600 ден/лит.
Абе им пишав e-mail да ми кажат цена за оригинално 5w-40 со спецификација vw 505 01. Ми вратиле:  Masloto za motor -- 1.170.00 den po litar
Да не имале промоција кога си го правел сервисот?
Ете го истото, спец. 505.01, ете ја фактурата. Чудна ми е ценава што ја пишуваш, не сум сретнал толку скапо масло :)
Отиде до Сеат /Шкода сервисот и прашај.
за ова масло денеска прашав во порше и кошташе околу 1000 ден литро, а кај колевски 1316 ден, чудно
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #892 на: 30 Март 2016, 15:36:15 pm »
Во Порше бев да земам осигурачи за задниот тапацир,
а дечко нема само да се нарачаат,
нарачај викам, цената нема да ја коментирам :)

После го прашувам па како работите ако немате на лагер,
ми вика а тоа во лимарија дали ги лепат дали враќаат тапацири со скршени, појма немам, ама знам дека не сме нарачувале.

Се изнасмеав и си отидов.

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #893 на: 30 Март 2016, 19:24:40 pm »
Nekoj da znae dali vo Kocani, Vinica ili okolinata ima servis koj poprava Mercedes i koj ima soodvetna dijagnostika za Mercedesi?

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #894 на: 30 Март 2016, 19:51:23 pm »
Во Порше бев да земам осигурачи за задниот тапацир,
а дечко нема само да се нарачаат,
нарачај викам, цената нема да ја коментирам :)

После го прашувам па како работите ако немате на лагер,
ми вика а тоа во лимарија дали ги лепат дали враќаат тапацири со скршени, појма немам, ама знам дека не сме нарачувале.

Се изнасмеав и си отидов.
Дефинитвно не нарачуваат мајмуните затоа што на службениот Румстер ми се откачи пластиката што се наоѓа под моторот 2 недели по замената.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #895 на: 30 Март 2016, 22:42:31 pm »
денес имав пријатно искуство со хонда сервисот на илинденска
добив смешни цени,иако е општо познато дека хонда оем деловите знаат да бидат и по 3-4 пати поскапи од афтермаркет

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #896 на: 30 Март 2016, 23:05:38 pm »
Nekoj da znae dali vo Kocani, Vinica ili okolinata ima servis koj poprava Mercedes i koj ima soodvetna dijagnostika za Mercedesi?


на форумов имаш аутомеханичар кој работи и живее во кочани... побарај го овој http://forum.carclub.mk/index.php?action=profile;u=305 и види со него дали можете да го решите проблемот...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #897 на: 07 Април 2016, 01:00:44 am »
Благодарам Онак. Го исконтактирав членот но ништо од бизнисот што требаше да биди :)

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 778
  • .
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #898 на: 11 Април 2016, 09:40:26 am »
Денеска направен сервис на леонот 1.4 тси во Порше.
На дечките им сметаше да им стоиш настрана покрај твојата кола (значи не е како се декларират официјално дека може да стоиш покрај нив додека се прави сервисот)

Цените се изгор

1. Ф. за воздух 1528 ден,
2. Ф. за масло   1036 ден,
3. Масло специјал плус 502.00 4л=3959 ден,
4. Работни операции = 1120 ден.
5. Штопна = 178 ден ( оваа штопна во Кадис не се наплаќа)
     вкупно 7822 ден.

Напомена : Во кадис промена на сите филтри и репсол масло со работни операции кошта 8700 ден. филтрите им се далеку поевтини таму.

Ми кажа предните и задните плочки ми се при крај. Предните коштаа 6500 ден, задните околу 4000 ден, работна рака околу 2000 ден, за плочкиве ќе се размислам на некоја поевтина варијанта.

VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #899 на: 11 Април 2016, 19:51:14 pm »
1.100 денари за менување уље ?
ја незнам што уопште бараш таму,освен ако не е под гаранција