Kaжи еден овластен сервис каде работат асолни мајстори. Најчесто дрвца се.
Може не се најинтелигнтните мајстори на свет, но процедурите и стандардите ги следат а со тоа се минимизира можноста за грешка. Покарај тоа имаат централизирани системи и разменуваат искуства за ист тип на возила многу побрзо отколку ние по форуми. Знам дека добар мајстор секогаш вреди но официјалните серивис го реализираат квалитетот преку следење на стандардно пропишаните процедури и тоа што препораките и искуствата доаѓаат проверен извор кој ги следи статистички сервисните интервенции и врши измени соодветно со цел да се подобри квалитетот.
Морам да НЕ СЕ СЛОЖАМ со овој пост. Од "стручњаци" и "експерти" по овластениве сервиси - подалеку. Пред две години, значи трет сервис на мојата кола - Олимпиа моторс, едно дечиште ја работеше (не верувам да имаше повеќе од 19-тина години). Ми ја поеба штопната на картерот (пак среќа што не го поеба лежиштето во картерот), пошто немаат еден мочан "момент клуч" од 30-тина евра, или незнаат дека истата треба да биде затегната само до 10 Nm. Ја затегнал, мислиш нема повеќе вадење.
Друго - истиот сервис, истото детиште ми го поеба едно од 6-те лежишта за штрафови што ја држат фиоката, менувајќи го полен филтерот. Го сјебал и штрафот, го разјал, така што вртел на сила, пошто не го ставил штрафот како што треба, малку го искосил.
Возев 170 километри со штрафцигер во местото помеѓу хаубата и предносто стакло, пошто "стручњакот" го заборавил. Си го однесов дома.
Пошто таму го префарбаа предниот браник поради мал инцидент пред 3 години, пред година ипол почна да се лупи работ под фаровите.
Онака, задоволен бев додека одев таму - 3 сервиси, ама сега кога излегува на виделина нивната "стручност".. Благодарам, не.
Е, не беа скапи, тоа можам да го кажам. Односно, не претеруваа, но цените им беа за нијанса повисоки.