1. За овластен сервис, цените за деловите за сервис на Минито се сосема во ред.
2. Сосема ОК е и работната рака. Никој не работи за џабе.
3. Заборавате дека се работи за Премиум бренд.
Секој овластен сервис мора да знае да ти го поправи возилото, мора да може да ти обезбеди делови во периодото во кој се обврзал, мора да ги почитува сите законски норми и давачки, мора да ги надрградува знаењата и вештините за секое ново возило што ќе го продаде, а богами се очекува и за оние што не се пордадени а официјално мора да ги сервисира .. итн. Подлежат на гневот на незадоволните корисници кои заради целата документација која се обврзнаи да ја генериираат лесно можат да се жалат по инспекции и да си го бараат правото за задоволување на потрошувачки права (а за деловите купени кај буцко и поравано кај цацко ни траг ни глас) ... итн.
Имаат хиерархија раководна и административна која исто треба да живее за сета таа машинерија да опстои.
Сето тоа се еспи во цената на плочки, масло, работна рака на масјтор... се' што се наплаќа.
Не е ретка пракса да ги носиме колите по локалните „авторитети“ па на крај со плачење да влеземе кај овластениве и да кажеме дека некој појма немали сменил нешто што нетреба расипал нешто што работело .. и сл.
Не велам дека се цвечки, ама тоа е така квалитетен сервис со очекуван квалитет на материјали и професионалност чини многу. Дали можете да си дозволите или ќе се обидувате „настранично“ зависи од „животот“. Би бил среќен да можам секогаш да ги користам услугите на официјалните сервиси.