Кои симптоми ги имаше?
Кај мене планирав на dyno да ја мерам, и на бензин и на плин, пред и после ремап, бидејќи во одредени случаеви подобро оди на плин.
Имам проблем кога колата е со ладен мотор стоена на сонце и после неполна минута префрла на плин, ја ставам во лер за да сменам брзина и гасне, додека е во движење во наредните неколку секунди пали веднаш и си повлекува пристојно. Немам осцилации на вртежи во лер или грешки. Параметрите на сензорите се во рамките на нормала. Најверојатно е до плинот. По форуми ми дадоа секакви дијагнози - дизни, расплињача, мембрана, филтри итн.
Инаку на претходното возило сменивме само една дизна бидејќи никој не можеше да открие што е, претходно сменивме свеќици, кабли, компресија меревме, даваше чек енџин и влегуваше во лимп мод и не одеше над 100 км/ч и беше тромава. Такви симптоми на ова возило немам.
Едит: Овој проблем ми се случи 4 пати откако ја имам колата и тоа од мај досега(кога порасна надворешната температура).