Автор Тема: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси  (Прочитано 556575 пати)

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14720
  • Пудингот на шоферството
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2025 на: 12 Јули 2023, 03:32:34 am »
Менде? Има образ Менде зато го сакаат луѓето.

Барем со мене секогаш бил скрос коректен и реално ги кажвал работите.

И со него и со Атанас бев близок. Супер луѓе.
Да не ширам,со мене имаме однос,разбирање(обострано) нема збор,никогаш не сме клавале математика дали тој или јас ќе плати некоја банка екстра.
Кафе,сок,скара,пиво нема проблем.
Според мене е презафатен,сака да го услужи сите,ама реално нема шанси.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 79
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2026 на: 25 Јули 2023, 05:52:13 am »
Искуства со сервисот на АМСМ?

Ќе ми менуваат турбо, а не знам дали да продолжам понатаму кај нив.
Или добар мајстор за Мицубиши во Скопје?

Макаутостар многу соленки цени…

Имам тропкање во мотор, крчење на пуштање кумплунг и слично.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2027 на: 25 Јули 2023, 07:46:42 am »
Е, да, бе... пола Битола арни љуѓе биле...
Другата половина лошачи, дека Петриња...
пеце од кај сеа петре

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 529
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2028 на: 29 Август 2023, 13:49:13 pm »
Пошто месец и пол бркам разврска на муабетов, да пишам и јас искуство со услугата во Аутомобиле СК во Битола.

Однесена колата за мал сервис, масло, комплет филтри и свеќици. На фактурата гледам Valvoline масло, а не Selenia, што ми беше прв red flag бидејќи е Алфа во прашање. Се јавив, ми рекоа “Не се секирај, 6 години сме веќе на Valvoline. Маслото што е ставено е со соодветна градација. Ако имаш проблем, стоиме зад промената.“.

Од маслото на фактурата има две варијанти, едната е со С2, другата со С3 спецификација. За мојата во упатството експлицитно стои дека ако не се користи масло со С3 спецификација, постои можност за штета во моторот.

Се јавив денес да прашам која варијанта е ставена, за да си дополнам по потреба, и добив одговор “Па сме немале на залиха С3 во моментот, сме ви ставиле С2. Ама нема гајле, слободно возете ја, дополнувајте со С3, се мешаат без проблем.“.


Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2029 на: 29 Август 2023, 13:53:25 pm »
Ти пишав и во твојата тема, да повторам и тука - Multiair единиците имаа проблеми од предолги сервисни интервали со правилната градација и спецификација, а не па со погрешна и несоодветна спецификација.

Јас гласам или да потпишат на папир дека стојат зад промената, или да си направат flush и промена на нивен тошок.

Нема продадени премногу Multiair коли во државава, постои веројатност сервисерите да не се запознаени ни свесни колку е битно за Multiair мотор правото масло и честата промена.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 529
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2030 на: 29 Август 2023, 14:16:05 pm »
Ти пишав и во твојата тема, да повторам и тука - Multiair единиците имаа проблеми од предолги сервисни интервали со правилната градација и спецификација, а не па со погрешна и несоодветна спецификација.

Јас гласам или да потпишат на папир дека стојат зад промената, или да си направат flush и промена на нивен тошок.

Нема продадени премногу Multiair коли во државава, постои веројатност сервисерите да не се запознаени ни свесни колку е битно за Multiair мотор правото масло и честата промена.

Одговорив и во темата, ама нека стојт и овде па ќе апдејтирам како шо ќе имам нови информации. Им пишав мејл на Аутомобиле СК, кажав какво масло е користено и им прикачив скриншот од упатството кај шо велит дека за MultiAir моделите е задолжителна С3 спецификација. Побарав да го сменат маслото на нивен трошок, се надевам ќе си ја прифатат грешката.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7226
  • French diamond
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2031 на: 29 Август 2023, 14:56:00 pm »
Ако не прифатат, поарно дај 100€ за масло, од колку 1000+€ за MA, мада не верувам дека од една неправилна промена на масло би рикнал...тие си рикаат и со правилната спецификација на масло, само да се надеваме дека нема да рикнат додека се во нас колите.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 529
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2032 на: 29 Август 2023, 14:58:13 pm »
Ако не прифатат, поарно дај 100€ за масло, од колку 1000+€ за MA, мада не верувал дека од една неправилна промена на масло ни рикнал...тие си рикаат и со правилната спецификација на масло, само да се надеваме дека нема да рикнат додела се во нас колите.

Ако не прифатат ќе се пробам со ДПИ. Ако не поминит ни то, ќе си го сменам маслото на мој трошок ама ќе ги плукам Аутомобиле СК кај ќе стигнам.

MultiAir модулот на мојава е сменет пред две години, фактурата е околу 62 илјади денари со работна рака така да не е ефтин. А редовно е сервисирана на 10ккм, цело време во овластени сервиси, така да не е дека е mistreated.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2766
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2033 на: 29 Август 2023, 15:16:03 pm »
Prasano za cena vo noviot ovlasten za Honda, promena na svekici za Honda Civic.
Cena na svekici 16.000 denari plus rabotna raka.
Svekicite NGK gi naracav od Grcija za 4500 denari, sam ke gi smenam.
Kolku sto znam original Honda svekici nema, vo kutivceto Honda se NGK ili DENSO, istite koi mozat da se kupat vo maloprodazba.
Covek samo malce treba da se potrudi. Stvarno go preteraa so ceni. Aj da bese malce nad realna cena pa da reces smeneti vo ovlasten.
Ovaka pljacka neodi.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2034 на: 29 Август 2023, 15:30:55 pm »
Иста песна за Сузукито. Точно е определено дека одат само DENSO IRIDIUM ZXU20PR11 или NGK IKR6G11. Друго ништо не одговара.

 2.800,00 коштаат, по нарачка. Кујзна во Миркат колку се...

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2035 на: 29 Август 2023, 15:35:13 pm »
Иста песна за Сузукито. Точно е определено дека одат само DENSO IRIDIUM ZXU20PR11 или NGK IKR6G11. Друго ништо не одговара.

 2.800,00 коштаат, по нарачка. Кујзна во Миркат колку се...

Исто, ама евра, не денари...
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6813
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2036 на: 30 Август 2023, 07:14:40 am »
Однесена колата за мал сервис, масло, комплет филтри и свеќици.

Не ми е јасно, оти кога знаеш што треба да се стави не прашуваш од старт што имаат?
Како одите така на ќоро, сличен случајот сега брзо беше и со влавот, ем читате тука ем грешите, не се оди со препоставувам „селенија“ ќе ми стават.
Или селенија ти рекоа а валволин ставија?

За обичен лагер ми кажуваат марка и цена, и си одбирам, не пак за масло.
Јас за 50€ ќе го сменам кај маалски мајстор само маслото, какви ДПИ и идење до битола уште еднаш, па и месец дена да се нервирам.  ;D

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 529
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2037 на: 30 Август 2023, 10:53:24 am »

Не ми е јасно, оти кога знаеш што треба да се стави не прашуваш од старт што имаат?
Како одите така на ќоро, сличен случајот сега брзо беше и со влавот, ем читате тука ем грешите, не се оди со препоставувам „селенија“ ќе ми стават.
Или селенија ти рекоа а валволин ставија?

За обичен лагер ми кажуваат марка и цена, и си одбирам, не пак за масло.
Јас за 50€ ќе го сменам кај маалски мајстор само маслото, какви ДПИ и идење до битола уште еднаш, па и месец дена да се нервирам.  ;D

Затоа што по некоја си логика, овластен сервис секогаш би требало да стави она што е пропишано. Јас ли да ги бркам “вакво масло сакам, таков филтер сакам“? Тоа го добиваш кај маалски механичар. Во овластен би требало да е се по пропис од старт, не јас експлицитно да морам да потенцирам.

Ми се јавија сабајлево од сервисот од Битола, ме убедуваа едно 15 минути дека се е во ред, дека не им бил прв MultiAir мотор што го одржуваат и дека сигурно нема да има проблем. Добив и на писмено на мејл дека маслото е во ред, и мислам дека освен со ДПИ немат да стигнам подалеку.

Живците и времето ми вредет многу повеќе од тие 100-150 евра за промената, колата периодов не ја возам многу, така да во октомври ко ќе одам кај Илија на голем сервис ќе си го сменам и маслото и ќе сум раат. Можам да се заинаетам и да ја терам до крај работава, ама не ми е приоритет да се испокарам со Аутомобиле СК, приоритет ми е колата да добијат соодветно масло во најкраток можен рок.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6813
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2038 на: 30 Август 2023, 11:08:53 am »
Претпоставката е мајката на сите заебувања.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 529
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2039 на: 30 Август 2023, 12:05:24 pm »
Уште еден апдејт на темава, се надевам последен. Ми се јавија уште еднаш од сервисот од Битола, овојпат мислам дека беше шефот на сервисот, кој бил на одмор периодов. Ми кажаа дека иако стојат на тоа дека маслото е во ред, немаат проблем на нивен трошок да го сменат со С3 масло по спецификација доколку инсистирам. Се договоривме во понеделник да го побарам и да договориме термин, и да ја направат промената.