Автор Тема: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси  (Прочитано 555430 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1560 на: 27 Април 2020, 11:45:15 am »
Исто и на 147. Ужас.

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 781
  • .
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1561 на: 27 Април 2020, 11:53:33 am »
Ista situacija e i za golf 7. Filterot za.maslo se naoga od dolna strana. Za da se izvadi doj filter treba  nekoi kablovi i dzekovi od elektricnata vodna pumpa sto se da se izvadat pa da se stigne to filterot. Gluposti so da kazam.
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6004
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1562 на: 27 Април 2020, 12:44:08 pm »
А на фиато па.....можеш на сила да го напикаш но има големи шанси да го згужваш,онака нормално 3-4ч работа за филтер за воздух да сменеш 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Присутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1563 на: 27 Април 2020, 16:56:50 pm »
Аман бе дечки, и на официјален сервис ли не може да се верува веќе :(
Според вас, кој официјален сервис релативно добро си ја врши работата кај нас ?
Како се Форд, Мазда, Фиат, Киа, Пежо ... ?

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1016
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1564 на: 27 Април 2020, 16:59:59 pm »
Киа и Пежо не. Другите не знам.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1565 на: 27 Април 2020, 17:42:15 pm »
На Застава официјалниот беше ОК.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1566 на: 27 Април 2020, 17:48:22 pm »
Јас немам ништо лошо со Шкода, ама тие 2-3 пати во Порше кога сум одел за резервни делови и еднаш со прашање за поправка на каросерија ич не бев воодушевен :)

Додатно, од 2011 до денес колата само за каросериска штета е носена кај пријател.
Сето друго е од почеток до крај во Шкода.

До денес, со 110.000 поминати имам сменето кабел за свеќица, а претходниот сопственик свеќици - и тоа е тоа :)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1567 на: 27 Април 2020, 18:10:05 pm »
Сервисите се исти ко кафаните.
Многу зависи келнерот дали се отрезнил по бурната ноќ, шанкерот дали ги крстел пијачките, куварот дали му е казанџиски денот, и најбитно, газдата дали поделил плата   ;D ;D ;D

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1568 на: 27 Април 2020, 19:12:08 pm »
Јас од моето искуство со сервисирање на Голфот во период од 2011 до 2018 во овластениот Де Лукс во Куманово имав само позитивно искуство
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 455
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1569 на: 27 Април 2020, 19:14:45 pm »
денешно искуство со Avto Servis Meto.
Откако ја сменив цела предница и задница на колата, жив среќен одам да ја центрирам и да заврши една секција од мојот проект. Споните беа разработени и намачкани со бакарна маст на нив беше оставено само да се наштелува и да возам. Напоменав да се обрне внимание воланот да биде наместен на dead-center и си отидов да бркам други обрвски. Се вратив, платив, и си ја земав колата. Возејќи приметив дека воланот е степен/два на десно, и бев решен да им го простам тоа, но во моментот кога ја паркирав колата пред зграда забележав дека на браникот има оштетување. Се вратив и им ги кажав двете замерки, воланот го средија а за браникот наводно немале видено кој ја удрил колата (веројатно дури била паркирана), но иако се нафатија да го исполираат (браникот е дефомиран), добив невкусни коментари од типот дека целата кола ми била испогребана, што ако се десило и ова, луѓе умирале од рак секој ден, не било ништо страшно. Мене ова дополнително ме натажи и изреволтира, си отидов и реков дека нема потреба да го полираат браникот, бидејќи гребаницата не ми смета, туку деформитетот, она што не верувам дека може да се реши. Long story short, покрај многуте пофалби низ градов за Avto Servis Meto, јас не би ги класифицирал како број еден, напротив - ти наплаќаат премиум услуга која не ја добиваш.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1570 на: 27 Април 2020, 20:34:04 pm »
Со европски ќе се решело ова лесно. Жалосно што не се реагирало соодветно и на време. Мислам дека сеуште може да се спроведе европскиот ако се најде сторителот. Ништо нема да го кошта.

99% ти се вратил некој во рикверц.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7220
  • French diamond
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1571 на: 27 Април 2020, 21:14:21 pm »
добив невкусни коментари од типот дека целата кола ми била испогребана, што ако се десило и ова, луѓе умирале од рак секој ден, не било ништо страшно.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Кои кретени, јас во нивни стил би му вратил со : да ви се помочам во сервисот и во паметот.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1572 на: 27 Април 2020, 21:35:16 pm »
Па ваљда бидејќи е овластен и НЕ БИ ТРЕБАЛО да прават вакви циганарии.

Што си наивен, овластените се најголеми ајдуци. Ќе ја однесеш колата твоја на сервис, ќе ти речат ќе ти се јавиме кога ќе биде готова. Кога ќе видиш после од твојата кола ваделе делови, пробувале на друга кола па ти ги вратиле назад, незаштрафени, изгребани, извалкани. Или па кога ќе речат абе ај нова кола е, ја донел на 10.000 сервис да прави на година дена, не е проблем може да тера две години до 30.000 километри а во фактурата фактурирано масло и филтер.

Бележете си све кога ќе носите кола на сервис.
Боље сам ќе легнам под кола и ќе сменам што треба или кај некој маалски да пиеме кока кола и да мењаме уље него да бележам филтри пред носење у официјален.

Ваљда треба за 30-60% поскапиот сервис а гарантира раат и мирна глава, а не да се замараш.

Кога станува збор за моја кола, се додека е под гаранција мора да се носи у овластен се со цел да се задржи. Постојат некои протоколи кои треба да ги почитуваме. Впрочем и затоа постојат овластените сервиси, за да не треба да проверуваме после завршената работа дали е се како што треба сработено. Уште 2 години, после тоа сам ке си правам редовен сервис и промена на филтри и масло.
Работата е друга кога се работи за службено возило. Плус постојат еден куп други работи кои треба да бидат задоволени доколку фирмата ти е сертифицирана односно задоволува ИСО стандарди...Еко норми и стандарди, потврди од сервисите дека маслото е одложено според протокол, дека заменентите делови се предадени на служба која се грижи за тоа итн итн...
Многу работи кои ги бараат, а верувале или не, за нив постојат пишани документи.
ЈБГа, шит хапенс и мора да се види тоа :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1573 на: 30 Април 2020, 14:47:17 pm »
Вие што сервисирате по официјални сервиси, имате забележано големо покачување на цените на редовниот сервис последниве неколку месеци?

Конкретно во МИ-ДА, редовниот сервис за Фиеста дизел последно кога проверував пред 4-5 месеци беше ~6000 денари, а сега гледам го покачиле на 8700 денари :o Многу е некако покачување од 40-50%?!

Едит: да напоменам дека откако сменив масло кај нив, колата ми потроши 1 литар на 8000км, а после тоа ставив Ликви Моли кое го возам веќе 10 000км и има потрошено 200 мл. Дали во МИ-ДА не го вадат целосно оти пумпата толку може, или пак за помалку да турат ново масло па поради тоа троши масло колава или едноставно Форд Формула маслото кое го тураат не е квалитетно.
« Последно менување: 30 Април 2020, 14:52:36 pm Silvester »
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30071
    • CARclub.mk
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1574 на: 30 Април 2020, 16:02:38 pm »
Јас не сум забележал нагло поскапување, туку постепено. Полека-полека, низ годините.