да, камионите се рачуна дека ги возат професионалци и за нив некои правила се поинакви. Или бар така сум чул O:-)
Еден виц во контекст на професионалците...
Доаѓа нов директор на раководна функција во едно претпријатие и оди на службен пат со службениот Мерцедес и порфесионалниот шофер. Возат така по улица, доаѓаат пред семафор, на семафорот се пали жолто и шоферов натепува пуна гас, го фаќа семафорот на црвено. На тоа директоров избезумен му вели на шоферот:
- Дали си ти нормален? Помина на црвено?
Шоферот одговара:
- Не се секирај директоре, јас сум професионалец.
На наредните семафори иста приказна, шоферот на жуто дава пуна гас и семафорот го поминува на црвено. На тоа пак реагира директорот и го добива истиот одговор:
- Директоре, бидете спокоен, јас сум професионалец.
На третите семафори светело зелено светло и шоферов нагло почнува да кочи така што застанува пред семафор. Директорот зачуден го прашува:
- Абе што не возиш, нели глеаш дека е зелено?
- Гледам директоре, затоа застанав! Има и други професионалци на раскрсницава!